„Зборник“ – списание на Археолошки музеј на Македонија. Првиот број бил објавен во 1956 г., а главен уредник бил Димче Коцо. Под овој наслов излегле 12 броја.

Со организационите промени од 1995 г. се преименува како Списание на Музеј на Македонија – нова серија (последен бр. 2 од 2005 г.). Во него се публикувани научни и стручни трудови од македонски и од странски истражувачи од областа на археологијата, епиграфијата, нумизматиката, античката и средновековната историја, историјата на средновековната уметност, конзервацијата на музејските предмети и музеологијата[1].

Наводи уреди