Шушкавец
Шушкавец — вид тенка, силна водоотпорна ткаенина и облека направена од неа. Шушкавецот е целосно направен од синтетички материјал (полиестер) и е отпорен на различни временски услови, поради што се користи за изработка на горна облека. Горна облека направена од шушкавец за заштита од ветер се нарекува „ветровка“.
Етимологија
уредиЗборот „шушкавец“ е имитативен бидејќи материјата произведува шушкав звук сличен на „шуш“.