Шурикен
Шурикен (јап. 手裏剣;, со рака искривена оштрица) е традиционално скиено јапонско оружје кое се фрлало, во ретки случаи можело да послужи и за прободување. Тоа е мало, но доста наострено оружје со ѕвездеста форма, кое можело да стане во дланка. Материјалот од кој се правеле варирал, се правеле од шиљци, шајки, ножеви, ковани пари, како и од различни метални плочи. Шурикен најчесто бил дополнително оружје на катани или јари. Вештината на ракување со шурикен се нарекува шурикен-џицу (анг. shuriken-jutsu )
Шурикен на запад е познат како „летечка ѕвезда“ или „ѕвезда на нинџи“.