Шума Шепкински (руски: Щепкинский лес) е заштитено подрачје и најголема шумска плантажа во Ростов на Дон.[1] Името го добила по Шепкинскаја Гали, која се наоѓала на местото на шумата.[2]

Шума Шепкински
Карта
Локација Ростов на Дон, Русија
Координати 47.1950°N 39.4649°E
Површина 1600 хектари

Историја

уреди

На почетокот на 20 век, на територијата кај селото Шепкино било одлучено да се подигне шумски насад, кој подоцна бил претворен во заказник (заштитено подрачје). Било познато дека заказникот бил создаден за одгледување на разни видови животни на нејзина територија, но иницијативата пропаднала и секоја активност на ова поле била прекината.[3]

Географија

уреди

Шумата Шепкински се наоѓал на северо-источниот дел на Ростов на Дон. Теренот бил претставен со алувијативни формации. На територијата на резерватот има два каменоломи, од кои едниот исполнет со вода. Во централниот дел на шумата има езерце со стоечка вода; таму е забрането капење. Во источниот дел на шумската плантажа има вештачко езеро формирано од притоките на реките Болшаја Камишеваха и Темерник.[4]

Природните земјишта на шумата Шепкински се дом на многу речни и шумски видови. Во поплавен каменолом има пруски крап, мајмун гоби и рак. Срна, лисици, зајаци, диви свињи, фазани, еребици, чапји и други видови животни кои се вообичаени во јужна Русија живеат во шумата. Ловот во шумата Шепкински е забранет, но не е потребна дозвола за риболов.[5]

Наводи

уреди