Оваа статија е за штимерски клуч. За други значења видете клуч.

Штимер, или штимерски клуч, е дел од гитарата или сличен инструмент, направа за затегнување и оттаму за штимање на жици, вообичаено сместен на главата. Една глава има повеќе штимери, по еден за секоја жица.

Штимерите на електрична гитара Squier Stratocaster.

Варијанти

уреди

Нормално, штимерите овозможуваат пренос од 14:1, иако постојат верзии со однос 18:1. Тие овозможуваат поголема прецизност во штимањето, но се нешто поспори при почетното затегнување на жиците.

 
Штимерите на класична гитара. Забележете ги изложените запченици и декорациите.

Постојат неколку типови на механизми на штимери:

  • На класичните гитари (со најлонски жици), запчениците воглавно се откриени; жиците се навртени на делови во длабнатини на главата;
  • На гитарите со челични жици, вклучувајќи ги и „фолк“ акустичните гитариs и електричните гитари, запчениците вообичаено се сместени во поединечни затворени кутии со трајно подмачкување, иако поевтините подели може да имаат откриени запченици фиксирани на плочки на кои е сместен ред на запченици; неколку местоположби на штимерите се возможни, во зависност од формата на главата:
    • коцкеста глава, 2 реда од 3 штимери (или 6 штимери за 12-жичени гитари): се наоѓаат на повеќето „фолк“ гитари и на Gibson Les Paul моделот;
    • единствен дијагонален ред од 6 штимери: се наоѓа на Fender Telecaster и Stratocaster модели;
    • еден дијагонален ред од четрии штимери и еден дијагонален ред од два штимера: се наоѓаат на Music Man модели;
  • На бас гитарите, затегнатоста на жиците е екстремно голема и се користат особено тешки и големи штимери; рачките за штимање се исто така многу поголеми отколку оние на гитарите; исто така се користи преност од 20:1. Откриените запченици се почести кај најдобрите бас гитари отколку кај шест-жичените не-басови инструменти.
 
Спротивното на штимерите на акустична „фолк“ гитара со челични жици. Забележете ги прикриените запченици.

Исто така, гитарите и басовите 'без глава', особено оние дизајнирани од Steinberger и нивните лиценцирани копии, како Hohner Jack Bass и нелиценцираните копии како Washburn Bantam, имаат штимери на крајот на телото. Гитарите и басовите од линијата на Steinberger и Hohner имаат посебни жици со топчиња на двата краја, додека басот Washburn Bantam може да се свири и со обични жици.

Забележителни дизајни

уреди

Неколку производители основале добро познати дизајни на јазли и цели штимери. Овие дизајни се подложни на авторски права:

 
Martin EB18 глава која ги покажува штимерите Martin од отворен тип