Штикла (знак)
(Пренасочено од Штиклирање)
Штикла (✓, ✔, ☑ итн..) е симбол кој го означува концептот „да“, како да речеме „да; ова е потврдено“ или „да; ова е точниот одговор“. Спротивен на тоа е знакот Х, иако кога стои самостојно може да има потврдно значење, (како да речеме на гласачко ливче).
Како дејство „штиклирање“ или „отшиклирање“ значи ставање или отстранување на таков знак. Ова наоѓа честа примена кај печатените и компјутерските обрасци кои бараат да се направи некаков избор.
Во Јапонија и Кореја за оваа намена се користи потврдниот „знак O“ (уникоден симбол „◯“), наречен „маруџируши“ (丸印).
Уникод
уредиУникод има разни сродни симболи:
Симбол | Уникодна точка (Хекс) | Опис | Официјален назив |
---|---|---|---|
✓ | U+2713 | Штикла | CHECK MARK |
✔ | U+2714 | Задебелена штикла | HEAVY CHECK MARK |
☐ | U+2610 | Квадрат | BALLOT BOX |
☑ | U+2611 | Квадрат со штикла | BALLOT BOX WITH CHECK |