Шталхелм
Шталхелм (германски: Stahlhelm) е германски воен челичен борбен шлем наменет да обезбеди заштита од шрапнели и фрагменти или парчиња гранати.[1] Терминот Stahlhelm се однесува и на генерички челичен шлем и поконкретно на препознатливиот германски воен дизајн. Оригиналниот Шталхелм е дизајниран во текот на Првата светска војна, под ознаката M16, во време кога бројни Европски војски ја засилиле заштититата на своите војници. Употребата на шлемовите Шталхелм е продолжена и подоцна каде овие шлемови во Германската војска можеле да се видат до почетокот на 1960-тите.[2] Покрај Германија, Шталхелм го користиле и други земји, воглавно германски сојузници или оние земји кои купувале германска опрема.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Infantry Helmets“. Militaryheadgear.com. 1 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 31 декември 2013. Посетено на 13 април 2014.
- ↑ „WKI Gaede Stahlhelm“. zib-militaria.de. Посетено на 26 ноември 2016.
- ↑ „German Spare Parts“. jonsmith-modellbau.com. Посетено на 26 ноември 2016.