Шнакенмор

(Пренасочено од Шнакенмур)

Шнакенморприроден резерват сместен на северозапад од шумскиот предел Клевенштен во Хамбург, Германија.[1] Клавенстин е шумска област и рекреативна зона на западот од Хамбург.[2] Шнакенмор опфаќа и некои области од Гротенмор, Шпицендорфер Морфлаген, Бабенбишенвег и Фелдвег 83.

Природен резерват Шнакенмор

Шнакенмор се појавил во доцното ледено време, пред околу 10 000 години. Се развил од долга песочна дина, која приближно опфаќала област што достигнувала од Елмсхорн до Гликштат. Во денешно време, Шнакенмор се состои главно од мов, кои создаваат основа од околу 1 метар слој од мов.

Истражувачи на растенија и други биолози наоѓаат многу ретки растителни и животински видови во Шнакенмор. На пример, различни видови на пејзажи се наоѓаат на оваа мала област. Како примери за тоа се внатрешните дини, необработени тревести ридови, хелдовини или ливадите. Од животински видови застапени се на пример брадавичен гуштер, жаба мор, голем мочурлив скакулец и вкрстена шарка.

Во 2006 година, областа Шнакенмор се зголемила за околу 100 хектари. Оттогаш биле преземени некои мерки за одржување на Шнакенмор, па делови од боровите шуми се сечеле за да се задоволат неговите потреби. Шнакенмор служи како за истражувањето така и како рекреативна област, а исто така и целата клевенштенска област.

Наводи

уреди
  1. „Schnaakenmoor“ (германски). Regionalpark Wedeler Au e.V. Посетено на 23 февруари 2021.
  2. „Das NSG Schnaakenmoor“ (германски). Naturschutzverband GÖP. Посетено на 23 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди