„Широко“ (Sirocco) — филм на режисерот Куртис Бернхарт (Curtis Bernhardt) од 1951 година. Автор и на сценариото се А. И. Безеридес (A.I. Bezzerides) и Ханс Јакоби (Hans Jacoby), а главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Онслоу Стивенс (Onslow Stevens), Ли Џ. Коб (Lee J. Cobb) и Марта Торен (Märta Torén).[1]

Синопсис

уреди

Хари Смит (го игра Богарт) му продава оружје на Хасан чии бунтовници се борат во Сирија против француската окупаторска војска. Надевајќи се дека тоа ќе ја прекине борбата, францускиот полковник Феро го замолува Хари да го запознае со Хасан. Истовремено, Хари ѝ се допаѓа на девојката на полковникот, Виолет. Таа бара Хари да ѝ помогне да побегне од таа опасна земја, а тој настојува да заработи тргувајќи и со Хасан и со полковникот...

Наводи

уреди