Шикигами (式神, се чита и како Шики-но-ками, 式の神) е терминот што се корсти за суштества од Јапонскиот фолклор. Се сметаат за некој вид на ками, претставени како мали духови.[1] Верувањето за шикигами потекнува од Онмјоодоо учењето.

Жена прави ритуал кој повикува шикигами преку кои ќе фрли клетва.

Потекло

уреди

Столбовите на ова верување е учењето на ексогенетските и ендогенетските фактори кои доведуваат до болест и дисхармонија според традиционалната кинеска медицина. Овие принципи се развиени заради недостаток на образование и дезинформација на јавноста, во комбинација со лаиците кои што создавале суеверија за природните појави и феномени.[2]

Опис

уреди
 
Абе но Сеимеи и неговите шикигами (сосема десно) пред собрание од божествени демонски духови.

Шикигами се повикани суштества, направени живи преку комплексна врачна церемонија. Нивната моќ е поврзана со духовната сила на нивниот господар, каде што ако повикувачот е добро воведен во магијата и има многу искуство, нивните шики можат да опседнат животни, па дури и луѓе, кои што понатаму можат да се контролираат, но ако повикувачот е невнимателен, нивниот шикигами може да излезе од контрола со текот на времето, стекнувајќи сопствена волја и свест, па дури и може да изврши напад кон сопствениот господар и да ги убие како одмазда. Обично шикигамите се принудени да извршуваат ризични наредби од своите господари, како што се шпиунажа, крадење и следење на непријатели. За шикигамите се велело дека не можат да се видат во поголемиот дел од времето, но тие можеле да станат видливи ако биле врзани во мали, свиткани и уметнички исечени хартиени маникини. Постојат и шикигами кои можат да се појават како животни.[1][3][4]

Според изанаги-рју (јапонски: いざなぎ流) народната религија, најелитните онмјооџи (практикувачи на онмјоодоо) исто така можат да повикаат исклучително моќни видови на шикигами наречени шикиооџи (јапонски: 式王子) за да ги избркаат катастрофите или демоните што предизвикуваат болести. Обичните мистици не можеле да се обидат да ги повикаат без да ризикуваат да ја изгубат контролата над нив поради нивната они природа.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Inoue, Nobutaka (2002). An Encyclopedia of Shinto. Tokyo: Kokugakuin University. стр. 84–90. ISBN 978-4905853084.
  2. „李富华:《赵城金藏》研究 - 弘善佛教网“. m.liaotuo.com. Посетено на 2020-11-01.[мртва врска]
  3. Avant, G. Rodney (2005). A Mythological Reference. Bloomington, Indiana: AuthorHouse. стр. 356. ISBN 978-1418492786.
  4. Drazen, Patrick (2011). A Gathering of Spirits: Japan's Ghost Story Tradition: from Folklore and Kabuki to Anime and Manga. Bloomington, Indiana: Iuniverse. стр. 224. ISBN 978-1462029426.