Шеќерино, малој моме
Песната Шеќерино, малој моме — тетовска староградска песна, која раскажува за љубовта на Иљо Мачурче и аџи Зора.[1]
Историја на настанувањето
уредиПесната настанала кон крајот на 19 век. Миле Стеванов. разочаран од свршувачката на тетовската убавица аџи Зора со Иљо Герасимовски – Мачурче, ја нарачал со надеж дека текстот на песната ќе биде причина за раскинување на свршувачката. Песната со своите мелоритмички особености веднаш ги одушевила жителите на Тетово.
Изведби
уредиПесната Шеќерино, малој моме се наоѓа на албумот Тетовски староградски бисери на тетовската група Серенада, издаден 1986 г. од тогашен Југотон, сега Кроација – Рекордс.
Тетовската група Шербет исто така ја има снимено оваа песна на својот ЦД наречен Спомен, издаден 2018 г. од Студио ЛЦВ.
Текст
уредиШеќерино малој моме,
шеќеројна ти миришиш,
шеќеројна ти миришиш,
шеќер носиш у пазува.
Шеќер носиш у пазува,
а у рука ќитка цвеќе,
а у рука ќитка цвеќе,
да се ќити аџи Зора.
Да се ќити аџи Зора,
да премами све беќари,
да премами све беќари,
а највише млад Иљота.
А највише млад Иљота,
млад Иљота, Мачурчета.
Шеќерино мори, малој моме,
која вечер ја да дојдем?
Сакаш дојди, сакаш нејди,
севдата ѝ поминала,
сакаш дојди, сакаш нејди,
лицето ѝ огрубело.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Шеќерино малој моме Архивирано на 16 октомври 2020 г.
- ШЕЌЕРИНО, МАЛОЈ МОМЕ Архивирано на 6 јуни 2020 г.
Наводи
уреди- ↑ Кочоски, Владимир (2006). Песни и судбини. Тетово: Печатница Напредок. ISBN 9989-730-47-4.