Шар-пеј потекнува од Кина, каде во последниве двесте години има огромна популарност. Хонгконг е првото и едниствено место од каде Шар-пеј почнал по воден пат да се превезува до останатите делови во светот. Заради својот необичен изглед тој е омилен меѓу американските уметници. Во 1977 година, во Гинисовата книга на рекорди Шар-пеј е опишан како најретко куче на светот.

Кинески Шар-пеј

Особености

уреди

Ова куче, и тоа особено мажјакот, има опуштена, премногу збркана кожа на главата. По осмиот месец овие брчки малку се затегниваат. Кај зрелото куче брчки се дозволени само околу челото. Секогаш е еднобоен. Неогивот јазик има сино-црна боја или сино-црвена боја. Темпераментот му е енергичен и подвижен. од друга страна, тој е смирен, независен, верен и срдечен кон луѓето. Одгледуван е за борба со кучиња, па заради тоа има кратки уши, крзно со отпорни влакна и наназад свртени очници. Тој е добар чувар.