Шангај Бејби
Шангај Бејби е книга од познатата кинеска писателка Веј Хуј.
Автор | Веј Хуј |
---|---|
Изворен наслов | (上海宝贝) |
Преведувач | Bruce Humes |
Земја | Кина |
Јазик | англиски |
Издавач | Robinson Publishing UK |
Издадена | 2001 |
Страници | 256 |
ISBN | 1-84119-684-3 |
OCLC | 51068741 |
Тоа е една вистинска приказна за љубовта и страста. Книга која никого нема да остави рамнодушен. Книга која ги руши сите предрасуди и јавно говори за животот во кинеското општество на крајот на 20 век. Шангај Бејби е прво и воедно најпровокативно и најконтроверзно дело на авторката Веј Хуј, светски хит преведен на осумнаесет јазици ширум светот. Изразито експлицитно еротски полуавтобиографски роман кој по објавувањето во 1999 година беше забранет во Кина заради провокативните еротски содржини и копии од книгата биле јавно спалени, но сето тоа уште повеќе ја зголемило популарноста на авторката и секако популарноста на нејзината книга. Во 2007 година, по позитивните критики и бараноста на романот од страна на читателите, за романот е направен филм, во режија на Беренгал Пфал и глуми кинеската глумица Bai Линг во главната улога на Коко, растргнатa помеѓу нејзините двајца љубовници, и маченa од страна на нејзиниот измама, нејзиниот недовршен роман и конфликтните чувства кои се вклучени во љубовта, страста и неверството, Коко се обидува да сфати која е таа и што сака од животот.