Чун Ми
Чун Ми (кинески: 珍眉, буквално: скапоцени веѓи) е популарен зелен чај . Има прашлив изглед и генерално е покисел и помалку сладок од другите зелени чаеви. Првично се произведувал само во кинеската провинција Џиангкси, но во денешно време се одгледува и на други места. Чајот е поделен на неколку оценки со бројки. Некои примери се: 41022, 4011, 9371, 8147, 9367, 9366, 3008 или 3009. Бројот 41022 во овој случај претставува највисок квалитет, додека бројот 8147 практично се состои само од скршени листови.[1]
Чун Ми | |
---|---|
Вид | Зелен |
Други називи | Чун Меи, Жен Меи |
Потекло | Жеџијанг, Анхуи и Џиангкси во Кина како и други места |
Краток опис | Прашлив, кисел зелен чај |
Чајот Чун Ми, заедно со чајот Асам Букиал, се проучал за да се набљудува стапката на инфузија на кофеин. Студијата покажала дека дифузијата на кофеин низ листовите на чајот е многу попречен процес.[2]