Чукино Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се  наоѓа  веднаш  под врвот Црна Чука, според кој го добило и своето име Чукино Езеро. Сместено е во вдлабнатина (цирк) на подножјето помеѓу врвовите Црна Чука на југозапад и Бел Врв на североисток, на главното планинско било на Кораб, блиску до главниот планински срт на неговата источна (македонска) страна на надморска височина од 2390 метри.

Чукино Езеро
Планина Кораб


Наводи уреди