Човек на годината (филм од 2006)

„Човек на годината“ (англиски: Man of the Year) — американски филм од 2006 година во режија на Бери Левинсон, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Робин Вилијамс, Кристофер Вокен и Лора Лини. Во филмот се вклучени низа духовити делови кои делумно се преземени од популарната американска тв-серија „Во живо во сабота навечер“ (Saturday Night Alive).[1]

Синопсис

уреди

Том Добс (го игра Вилијмас) е популарен телевизиски комичар, кој секогаш работи со истата екипа, а неговиот менаџер, Џек Менкен (го игра Вокен) е истовремено неговиот најдобар пријател. За време на една негова емисија, една гледачка му предложува да се кандидира на претседателските избори во САД, Том прифаќа, а потоа тој добива бројни електронски пораки со поддршка од гледачите. За време на телевизиската дебата, тој ги засенува двајцата други кандидати — еден сенатор и постојниот претседател. Непосредно пред изборите, Џек претрпува срцев удар, а Том веднаш го посетува ен чекајќи го објавувањето на резултатите. Таму, двајцата дознаваат дека Том е новиот претседател. Истовремено, Елинор Грин (ја игра Лини), вработена во фирмата која го развила софтверот за електронското гласање, открива грешка и се сомнева во исправноста на изборите. Таа ги известува претпоставените, но тие настојуваат по секоја цена да го заташкаат проблемот...

Наводи

уреди