Човекови права во Македонија
Македонија ги има ратификувано речиси сите главни договори за човекови права на меѓународно и на европско ниво.
Уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања ги штити народниот правобранител.
Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права.
Од друга страна и Уставот ги гарантира следниве права:
- еднаквост на граѓаните
- право на живот
- неприкосновеност на физичкиот и моралниот интегритет
- право на слобода
- презумпција на невиност
- нема казна без закон и право да не се биде осуден или казнет двапати
- право на жалба
- слобода на уверување, говор и пристап до информации
- тајност на писмата и на сите други облици на општење
- сигурност и тајност на личните податоци
- слобода на вероисповед
- слобода на здружување
- право на собирање
- избирачко право
- право на вршење јавни функции
- право на поднесување претставки
- почитување и заштита на приватноста, личниот и семејниот живот, достоинството и угледот
- право на неповредливост на домот
- слобода на движење
- право и должност за одбрана на РМ
- права на странските државјани во РМ
- право на сопственост и право на наследување
- право на работа и слободен избор на вработување
- обврска за плаќање на даноци и други јавни давачки
- право на социјална заштита
- право на синдикално здружување
- право на штрајк
- право на здравствена заштита
- заштита на семејството
- слобода за создавање потомство
- заштита на мајките и децата
- право на живот во здрава животна средина
- право на образование
- право на слободно научно и уметничко творештво
- право на слободно изразување на национална припадност