Чинијарка[1]алатка за дополнително обработување на земјишта со работни тела во вид на вдлабнат диск (чинија) со пречник од 40-70 см. На оската, која има квадратен пресек, наизменично се наредени дискови и чаури, кои го одредуваат растојанието помеѓу плочите, кое е 15-25 см (кај лесните) и до 31,5 см (кај потешките чинијарки). Секоја чинија (диск) има чистач што се користи за отстранување на залепената земја. Чинијарките имаат две или четири крила кои се под агол од 65-70° во однос на насоката на движење. Според начинот на врзување на крилата се разликуваат следните видови чинијарки:

  • чинијарски со еднократно дејство (ако дисковите на сите крила се насочени на едната страна со нивниот конкавен дел),
  • чинијарки со двократно дејство (ако дисковите на различни крила се насочени на различни страни со нивниот конкавен дел),
  • симетрични и
  • асиметрични.
Четирикрилна симетрична чинијарка

Чинијарките се погодни за дополнителна обработка веднаш по грубото есенско орање, бидејќи дури и на потешки почви многу енергично ги ситнат преостанатите грутки. Со оглед на тоа што, за разлика од браните и култиваторите, го превртува земјиштето, подобро ги заорува растителните остатоци и внесеното стартно ѓубриво. Многу ретко се користат во пролет бидејќи повлажните подлабоки слоеви ги исфрлаат на површината, а со тоа ја губат насобраната зимска влага. Работната длабочина се прилагодува со дополнителното оптоварување и аголот на крилото (со зголемување на аголот, длабочината е поголема).[2][3]

Наводи уреди

  1. „Пописница на индивидуално земјоделско семејство“ (PDF). Службен весник. 26.03.1969. Посетено на 31 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Грбић, М. (2010): Производња садног материјала – Технологија производње украсних садница. Универзитет у Београду, Београд. 978-86-7299-174-1.
  3. Мићић, Ј. & Милинковић, И. (1991): Пољопривредне машине. Универзитет у Београду, Пољопривредни факултет, Београд