Чача (грузиски: ჭაჭა ch’ach’a ) е традиционален грузиски алкохолен пијалак, еден вид ракија. Понекогаш Чача е претставена и како „грузиска вотка“ или „вотка од вино“[1].

Стаклена чаша со Чача.

Производство

уреди

Чачата е направена од незрело и главно несоодветно грозје за производство, од разни диви сорти или остатоци од цедено грозје, како и од други овошја или билки - смокви, мандарини, портокали, црница, тарагон и др. Чачата е светла по боја и е многу силна - индустриската обично има 40% содржина на алкохол, но може да достигне до 65% во домашното производство. Главната суровина за производство на чача во источна Грузија е бело грозје, додека во Абхазија и Аџарија се претпочита американската сорта вино Изабела. Некои видови созреваат во дабови буриња за да дадат помек и пријатен вкус. Во 2011 година, грузиските власти ја патентираа најпознатата национална храна и пијалаци, од кои едната е и Чача. Еден од најпознатите типови чачи е Бинехи Естрагон, кој го доби сребрениот медал во 2007 година на една од најпрестижните саеми Мундус Вини[2].

Употреба

уреди

Чачата обично се користи во најчиста форма. Различни коктели, исто така, се подготвуваат со додавање на свежо овошје и мраз. Во руралната Грузија, вообичаено е да се пие мала чашка чача наутро.

Покрај тоа, повеќето Грузијци веруваат дека чачата има лековити својства и ја користат за разни болести, вклучително. дигестивни проблеми или болка во ушите[3]

Наводи

уреди