Чан-будизам

школа на махајанскиот будизам

Историјата на Чан во Кина се состои од повеќе периоди. Зборот Зен, добро познат во оваа современа доба, всушност е резултат на долгата историја на Чен, со многу промени и контигентни фактори. Секој период се состои од различни методи на Зен учењето, некои методи останале до ден денес, додека други целосно исчезнале.

Историчарот фергузон разликува 3 периоди (од 5 век до 13 век)::

  1. Легендарен период: од Бодидарма во доцниот V век па сè до востанието на Ан Лушан во 765 н.е, во центарот на Танг Династијата. Нема многу податоци за овој период, но важни елементи од ова време се познатите шест Патријарси, вклучувајЌи ги Бодидарма и Хуијенг, и на легендарната поделба помеѓу Северната и Јужната школа на чан учењето.
  2. Класичен период: од крајот на Ан Лушан востанието(765год до почетокот на Сунг Династијата, околу 950 год). Ова е време на големите учители на Чан филозофијата, познатите Мазу Даоуи и Лињи Уихуан и творецот на џи-лу жанрот, исполнет со записите на сите нивни мудрости и преданија.
  3. Писмен период (950 до 1250): за време на Сунг Династијата (960-1279). Во овој период составена е гонган збирката-колекција на народни преданија, како и кратки раскази од познати учители, приложени со поезија, коментари и додатни објаснувања. Овој период покажува како писмените записи придонеле кон сочувување и развивање на Чан филозофијата. Овој период го идеализира Класичниот период односно златната доба на Чан. Благодарение на златната доба се создала литературата на Писмената доба содржувајќи ги големите методи на познатите учители.

Иако професорот Џон Рае има поинаков поглед кога станува збор за поделбата на Чан историјата, тој ја дели на четири периоди

  1. прачан (500-600). Во овој период, Чан се развива низ повеЌе област во Северна Кина. Нејзината основа е практичната примена на “дхјанa” и е поврзано со учењата на Бодувамата и Хуике. Основното учење се содржи во текстот “Два влеза и Четири методи”.
  2. Ран чан (600-900). Во овој период Чан се здобива со значително јасна и важна форма. Важни личности од овој период се: петтиот патријарх Даман Хонгрен (601-674), неговиот дарма-наследник Ѕуљуан Схенџиу (606 -706), шестиот патријарх Хуиненг (638-713), антагонист на најдобрата Платформ Сутра и Сенхуи (670?-762), чија пропаганда го овозможила статусот на шестиот патријарх Хуиненг. Основна поделба на школите: Северна школа, Јужна школа и Охејад школа.
  3. Среден чан (750-1000). Во овој период се развиваат учењата на најголемите зен-мастери. Главни учители се Мазу Даоуи (709-788), Шитос Хигиан (710-790), Линји Уихуан( 857) и Хуефенг Уицун (822-908).Важни елементи се Хонгзоу Школото и текстот Антологија на патријаршката сала (952) испонлета со мнгоубројни приказни и добро познатото родословие на Чан-Школото
  4. Династијата Сунг (околу 950-1300) Во овој период Чан филозофијата создаде своја конечна форма и свое општествена место во златната доба на Чан, со употребата на коани за одделни студиски и медативни учења. Важни Школи од овој период се Линји и Цаидонг додека познати учители се Дахуи Зонгао (1089-1163) кој ја вовел Хуа Тоу праксата, и Хонгџи Зенгјуе (1091-1157) кој ја истакнал важноста на зазен-седечката медитативна форма. Во овој период започнува збирката на класичните коан-колекции,исто така Чан учењето се пренесува во Јапонија(под името Зен) и во Кореја (под името Сон).

Значајноста на Будизмот

уреди

Кога Будизмот бил претставен во Кина, ова учење се прилагодило кон Кинеската култура и нивнто разбирање. Теориите повразни со влијанијата на различни Школи кон еволуцијата на Чан се потпираат строго на претпоставки отколку на некои историски записи. Некои Школари ја истакнуваат теоријата дека развитокот на Чан станал поради сплотување на Махајана Будизмот и Таоизмот, додека други инсистираат дека коренте на оваа филозофија потекнуваат од Јогата, особено од Камматтхана свесно доживување на надвореШни објекти и касина, целосна насоченост на умот. Постојат и многу други конфликтни теории.. Будизмот кога се појавил во Кина подлегнал под влијанијата на Конфуцијанството и Таоизмот. Д.Т.Сузуки, истакнува дека Чан претставува една природна еволуција на Будизмот под влијание на Таоизмот. Будизмот исто така бил доживеан како неусогласена и недоврШена верзија на Таоизмот.

  • Според погледите и коментарите на Хан од Хинауана учењето , Будизмот се перцепира и се согледува со голема поврзаност кон религиозното Даоизам (Таоизам)Буда се прикажува како бесмртник кој има постигнато некои од формите на вечноста на Даоизам. Свесноста за диШењето на Будистите се гледа како едно продолжено учење на Даоизмот.

Терминологијата на Таозимот се употребува за изразување на Будистички докторини во најстарите преводи од Будистички текстови, нарекувајЌи се споредбеност на концептите*, додека Кинеските Будисти се натпреваруваа во Таоизмот и Конфуцизмот:

Како надополнивање на Тао идеате, служат и Нео-Тао концептите. Концепти како Ти-јунг (Суштина и Функција) и Ли-Шех(Чудата и Душевното ) биле предавани во Хуа-јен Будистички школи, што резултирало со големо влијание на Чан. Од друга страна пак Таоистите погрешно го протолкувале значењето на Сунуата- го споредиле со Таоистичкото небитие

Поделба на тренингот

уреди

Кога Будизмот се појавил во Кина, се пренеле три поделби на учењето: 1.Вежбање со доблест и дициплина во однесувањето 2.Вежбање на умот преку медитирање за да се постигне повисока состојба на медитативност. 3.Вежбање според пиШаните техники и правила.

Во ваков контекст Будизмот навлегол во Кинеската култура. Преку равивање на ваква дисциплина се создале три типа на учители: 1.Винуана учители, специјализирани во сите правила на дисциплината за монаси и калуЃерки. 2.Дихуана учители специјализирани во медитација и 3.Дхарма учители специјализирани во совладување на светите Будистички мантри.

Биле создадени манастири и центри за учење каде се фокусирало на Винуана учење.

Бодидарма

уреди

Основачот на Чан во Кина е будистичкиот монах Бодидарма, којШто пристигнал во Кина во времето на Северна и Јужна Династија за да пренесе *посебно учење надвор од скриптите* кое *се издига над сите зборови. Биографски информации за Бодидарма постојат мнг малку, и повеЌето се офоремни во легенди. Некои традиции строго го прикажуваат Бодидарма како третиот син на Паллава кралот од Канципурам. Според него двете патиШта (кон просветлување) се патот на принципот и патот на вежбањето. Патот на принципот е да се постигне просветление кон вистината на основите од ова учење. Еден мора да има силна/неискуШувачка верба во фактот дека тој и самата Вистинска природа е составена од свесни суштества, и обични и просветлени, и дека оваа Вистинска природа е само покриена и невоочлива (од обичните луѓе) поради лажните сетилни сознанија. Патот и приемната на ова учење се состои од следниве 4тири делови: 1-Откажување од гневот: да се прифатат сите страдања како последици на минати гревови, без гнев или жалење. 2- Прифатливост на околностите: да не се потпадне под влијание дури ни на добрата среЌа, препознавајЌи ја минливоста на настаните и околностите. 3- Надминување на сите земјени страсти и потреби- бидејќи тие се изворот на сите страдања. 4.-Да се биде еден со Дхарма- да се избават лошите мисли, и да се практикуваат шесте совршености.

Ширење на Чан учењето во Азија

уреди

-Виетнам- Зен филозофијата се развива во Виетнам под името Тхиен, во времето на Индискиот монах Винитаручи.Тој кога ги завршил своите студии во Сенгчан и станал третиот патријах на Кинескиот Чан одпатувал во Виетнам каде го ширел своето знаење. Најстарата религиска група предводена од Винитаручи ги поставила корените не Чан учењето во Виетнам.

-Кореjа- Зен учењето се развива во доцниот период Сила (7 до 9 век) кога одредени монаси од Кореја кои ги стекнале своите знаења во Хваом и Јогакара Школите го започнале својот пат кон Кина со цел да се запознаат со нивнинте традиции и обичаи. Подоцна во Кореjа започнала школата наречена девете планини. Ова било почетокот на Чан во Кореjа, кое се развивало под името Сон.

-Јапонија-

Муōан Еисаи патувал во Кина и се врати за да ја воспостави лоза Линји, која на крајот исчезнала. Децении подоцна, Нанпо шомуо кој стдирал според Линји учењата во Кина, ги поставил темелите на јапонската Отокан лоза, најважаната и највлијателната лоза на Ринзаи школа во Јапонија

Во 1215 Доген помлад современик на Еисаи, патувал во Кина каде учел и медитирал за подоцна да го воспотави Сото школото во Јапонија. Подоцна значителното напредување на ова школо се должи на Кеизан.

Чан учења и медитации

уреди

Во класичниот Кинески Чан, учењата за оригиналната просветленост се претставени како збирка од спротивности: Природата на Буда-Празноста (Сунуата), апсолутно-релативно, постепено и ненадејно самопознаније.

Буда-Природата и Сунуата Кога Будизимот бил воведен во Кина, народот ја прифатил и ја разбрал во согланост со сопствената култура. Идејата за Будистичка природа била лесно прифатено, поради сличноста со Тао. Но сепак на Кинеските Будисти им биле потребни неколку векови за да разберат дека Синуата не се однесува на одредена суШтина Што се наоЃа во позадината на видливиот свет. Ова сознание видливо ја одредува насоката на Чан развивањето.

Апсолутно-релативно Идејата дека постои апсолутна реалност во нашиот секојдневен живот од релативна реалност, целосно се вклопила во Кинеската култура која истакнува непостојаноста на светов и општеството.

Ненадејно и постепено просветлување Во ЗенБудизмот главно се согледуваат два начина на просветлување: ненадејно и постепено. Во почетоците на Чан се дава значајност на потепеното прочистување на човековите намери и мисли, навлегувајЌи во вистинската човекова природа, односно трансцендентност на телото и умот, и прочисување на знаењето и перцепијата. Во 8 век на Чан историјата, шенхуи успешно ги обновува застарените принципи откако создава поделба помеѓу таканаречената Северна Школа, водена од Јукуан Шенхиу чие учење пропагира постепена просветленост неговата таканаречена Јужна Школа, која пропагира ненадејно просветлување. Според шенхуи просветленоста се случува наеднаШ, затоа понатамоШни дискусии не се потребни за оваа вистинска природа. Откако поделбата помеЃу ненадејно и постепено просветлување ги зацврстила своите корени, во подоценсниот тек на развитокот сепак се создала одредена тензија и горчина помеЃу голем број теории и размислување помеЃу Чан и Хуа-јен школото. Во Платформ Сутрата поделбата помеЃу ненадејно и постепено просветлување сепак не е толку остра. Анализите на Гуифенг Зонгми наследник на Шенхуи, ја согледуваат ненадејната просветленост како последица на постепено применување и негување на Будистички техники и мисли. Сепак потребата за негување на овие медитации после просветленоста е поддржано од Ринзаи школарта и Санбо Куодан.

Кинески скрипти

уреди

Меѓу првите специјализирани Чан текстови, кои датираат од најмалку 8-от век, е платформната сутра на Шестиот патријарх, која му се припишува на Хуи-ненг. Таа била составена во текот на еден подолг временски период, и содржи различни слоеви на пишување. Платформната сутра е од голема важност за Чан учењето бидејќи објаснува широк спектар на будистички текстови: Дијамантската Сутра, Лотусовата Сутра (Садарма Пундарика Сутра), Вималакири Нирдешката Сутра, Сурангамаската Сутра, Ланкаватараската Сутра, „Будењето на Верата во Махајаната“ Сутра и Махапаринирвана-та Сутра.

Медитации

уреди

-Бодисатва идеалот

Како важен дел од Зен учењето е и Бодисатва идеалот, поврзано со апосолутното, како и сочувство кон сите суштества. Зазен медитација Најважниот елемент на Зен-учењето се медитациите (дхуана). Зен-традицијата вели дека се потребни одредени медитации со специфична положба на телото за да се овозможи создавање на возвишената мудрост на Буда-природата. Седечката медитација (зазен) исто така може да се нарече и седечката дхуана. Учесниците обично за време на оваа медитација заземаат телесни позиции како што се лотус позицијата, полулотус, Бурмесе, користејќи разни гестикулации (дхуана мудра).

-Коан Коан всушност го претставува дијалогот помеѓу Зен учителот и ученикот и ги потенцира не толку воочливите мудрости на Зен учењето. Да да може ученикот да учествува во коан дискусија, мора да го остави концептуалното размислување и логичниот редослед преку кој го уредуваме светов, за да може природно и спонтано да се развие одоговорт во самиот ученик.

Чан во Западот

уреди

Првиот Кинески учител кој во Западот ја вовел кинеската филозофија е Сјуен Хуа, кој во 1960 година го има своето прво предавање со храмот во Сан Франциско. Други кинески Чан у~iteli со Западни ученици е Шенг-јен, кој ги поседува mudrostite на Цаодонг (една од т.н. Петте Куќи на Чан) и Линџи (школа која ги промовирала своите учења во Јапонија како Ринзаи ). Основачот на Организацијата Фо Гуанг Шан (Светлата планина на Буда) , една од гранките на Чан школата, е почитуваниот Учител Сјинг Јун , кој воедно е дел од гранка на Линџи (односно Ринзаи) Традицијата.