Црногорска капа е традиционална капа, дел од црногорската народна носија, која ја носат Црногорци те и Црногорските Срби. Милорад Медаковиќ во книгата „Животот и обичаите на Црногорците“ (Живот и обичаји Црногораца) од (1860 .. стр. 174) го наведува податокот дека фустаните се со ист крој како во старите времиња, а дека капите се изменети. Порано носеле кожени капи, тогаш мали, плитки, црно-црвени капи.

Црногорска капа
Богато украсени капи со четири оцила на кралот Никола и кралицата Милена
Црногорска капа со монограмот на кралот Никола.

Одлики уреди

Капата е во форма на рамен цилиндар, горната површина е со темноцрвена боја и се нарекува тепелак, а заобиколена е со црн раб кој се нарекува деревија. Еден дел од тепелакот е заобиколен со пет златни нишки , во чиј центар се наоѓале везени иницијали на сопственикот на капа или владетелот ("Д.I.", "Н.I."), крст и четири оцила, кои воглавно се толкуваат како четири букви „С“, што е народно, но не и хералдичко објаснување, но постојат и други верзии, како онаа со шесткрака ѕвезда и ѕвезда петокрака која се носела за време на комунизмот. Формата на капата останала непроменета, но везот по потреба се менувал. Капата првпат се појавила во времето на Петар I. На првата капа везот бил околу капата (на деревија) и ја носеле кулукџиите (членови на Кулук). Перјаници на капите ги ставале почетните букви на својата нахија. Покрај златнот вез, Црногорците на капите ги ставале грбовите за означување на општествена припадност. Сенаторите, капетаните и перјаниците носеле различни грбови и во случај на нивна деградација морале да ги отстранат од капите. Црногорските офицери носеле народни носии и грбови накапите сè до воведување на воените униформи во [(1910)] година. Црногорската капа е слична со личката и херцеговската капа, како и капата која е традиционално носена во Рисан. Конечниот дизајн, оној што денес се користи, според легендата, го направил познатиот црногорски владетел и писател Петар II Петровиќ Његош, кој го изразил симболизмот на боите, на пример црвената боја на тепелакот ја симболизира крвта на луѓето кои загинале во 1389 година на Косово, црниот раб ја претставува коротата т.е. жалта за нив, а петте златни нишки ги симболизираат вековите кои Срби те ги поминале под турска власт. Низ историјата, црногорската капа имала неколку различни имиња. Меѓу нив се и " ваљана", бијела, " кариклија", " завратка". Денес едноставно се нарекува "црногорска капа". Крст со четири очила, како мотив на капа, не се појавувал пред 1918 година (странски патописци наведуваат виножито, иницијали на владетели и сл.).

Поврзано уреди

Наводи уреди

Литература уреди