Црни бисери (филм)

„Црни бисери“ — филм на режисерот Тома Јаниќ од 1958 година. Главните улоги ги играат: Северин Бијелиќ, Михајло Викторовиќ, Милан Ајваз и Ѓорѓе Јелисиќ.[1]

Синопсис

уреди

На островот Бадија во близината на Корчула се наоѓа казнено-поправен дом. Воспитувачите настојуваат позитивно да влијаат врз „црниет бисери“, како што ги нарекуваат децата-штитеници на домот, а кои управата ги смета за непоправливи. Набргу, децата го запознаваат Марсовец, турист кој им предлага да го поправат стариот заринкан брод и со него да заминат на патување по светот. Децата веднаш го прифаќаат Марсовец и воодушевено ја прифаќаат идејата, но набргу откриваат дека тој е, всушност, новиот управник на домот, Марко. Соочени со забраната за работа на бродот и со бројните последици од нивните постапки, децата прават сè за да му докажат на новиот управник дека треба да има доверба во нив.

Наводи

уреди