Црква „Св. Никола“ – Пирин

Свети Николацрква во Пирин, Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.

Свети Никола
Карта
41°32′41″N 23°33′40″E / 41.54472° СГШ; 23.56111° ИГД / 41.54472; 23.56111
МестоПирин, Светиврачко
ЗемјаПиринска Македонија, Бугарија
ВероисповедБугарска православна црква
Архитектура
Статусспоменик на културата
Архит. типтрикорабна псевдобазилика
Завршена1885
Управа
Архијерејско намесништвоСвети Врач
ЕпархијаНеврокопска

Историја

уреди

Црквата била обновена во 1885 г. од зографот Димитар Неделчев на темелите на постар храм. Негово дело е и иконата на „Св. Архангел Михаил“.[1]

Архитектура

уреди

Градбата претставува трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен касетиран таван. Иконостасот е делумно изрезбан, како и проскинитарот и владичкиот престол.[2]

По битката кај врвот Кукла во Илинденското востание во 1903 година, отсечените глави на војводата Спиро Петров и Димитар Гајгуров биле дадени од Турците на жителите на селото Пирин, кои ги закопале до апсидата на црквата. Во 1906 г. во црквата биле закопани и коските на другите борци кои загинале во битката.[3]

Црквата е прогласена за споменик на културата.[2]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 360. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 119. ISBN 954-90006-2-1.
  3. Тасев, Христо. Събитията в района на село Пирин през 1903 г. – В: 90 години Илинденско-Преображенско въстание, София, 1994, стр. 174.