Црква Свето Преображение (Болград)

Црква „Свето Преображение“ (украински: Свято-Преображенський собор) - православна црква во градот Болград. Припаѓа во состав на Одеската и Исмаилска епархија, Украинската православна црква од Московската патријаршија. Зградата на храмот била изработена од архитектот Аврам Мелников (1784–1854). Стенописите од интериерот биле направени во 1912–1914 година, од уметникот Павел Пискарев.[1]

Историја уреди

Темелите на црквата се удрени во 1820 година, а завршена е во 1838 година. Црквата е осветена на 29 октомври 1838 година, датум кој станал празник на храмот. Во текот на 1938 година, Царство Бугарија ја прославува стогодишнината од изградбата на храмот, и било решено тој датум 29 октомври (16-ти по стар стил) да биде „Ден на бесарабските Бугари“.

Пожар уреди

Ноќта меѓу 25 и 26 јануари 2012 година, избувнал пожар, при што се урнала куполата на храмот,[2] а тоа се случило пред очите на стотици жители на градот. Спасувачката служба успеала да ги изнесе иконите, а поќарот бил изгаснат по 10 часа.

Во јуни 2015 година била возобновена, а се извршила и реставрација.[3]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „За црквата на руски јазик“. Архивирано од изворникот на 2017-08-26. Посетено на 2017-11-26.
  2. За пожарот на бугарски јазик
  3. За Болград на бугарски јазик