Црвено и Црно
„Црвено и црно“ (француски: Le Rouge et le Noir) — историско-психолошки роман на францускиот писател Стендал, објавен во два тома, во ноември 1830 година.[1] Романот го прикажува обидот на едно младо момче од провинцијата да се стекне со повисок социјален статус преку комбинација од напорна работа, талент, измама, и хипокризија.
Автор | Стендал |
---|---|
Изворен наслов | Le Rouge et le Noir |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Жанр | психолошки роман образовен |
Издадена | ноември 1830 |
Судејќи според оригиналниот наслов на делото, Црвено и Црно: Хроника на XIX век, освен психолошки портрет на главниот лик Жилиен Сорел, писателот прави анализа и социолошка сатира на француското општество за време на бурбонската реставрација (1814–30).[2] Насловот на романот се однесува на судирот помеѓу верските (црно) и секуларните (црвено) убедувања на протагонистот,[3] што е предмет на дебата во книжевните кругови.[4]
Содржина
уредиКритички осврт кон делото
уредиГете имал поволно мислење за романот „Црвено и црно“ кого го сметал за најдоброто дело на Стендал. Според Гете, иако неколку женски ликови во романот делуваат премногу романтично, сепак Стендал е автор „кој умее да набљудува и има длабок психолошки поглед“ така што „лесно може да му се простат неколку неверојатни детали“.[5]
Надворешни врски
уреди- Red and Black by Stendhal на Ризницата ?
- Le Rouge et Le Noir на Проектот „Гутенберг“
- „Црвено и Црно на англиски“. Универзитет Аделаида. Архивирано од изворникот на 2015-09-08. Посетено на 2016-06-04.
Наводи
уреди- ↑ Garzanti, Aldo (1974) [1972]. Enciclopedia Garzanti della letteratura (италијански). Milan: Garzanti. стр. 874.
- ↑ Benét’s Reader’s Encyclopedia, Fourth Edition, (1996) p. 859.
- ↑ „The Red and The Black“. www.nytheatre.com. Посетено на 2016-02-05.
- ↑ Red and Black?
- ↑ J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 65.