Црвена венчавка (филм)
„Црвена венчавка“ (француски: Les Noces rouges) — француско-италијанскифилм од 1973 година во режија на Клод Шаброл (Claude Chabrol), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Стефан Одран (Stéphane Audran), Мишел Пиколи (Michel Piccoli), Клод Пјеплу (Claude Piéplu), Клотилд Жоано (Clotilde Joano), Елијана де Сантис (Eliana de Santis), Франсоа Робер (François Robert) и Даниел Лекуртоа (Daniel Lecourtois). Филмот, кој е снимен според вистинит настан, претставува осуда на малограѓанскиот конформизам и на амбициозноста на политичарите.[1]
Синопсис
уредиНезадоволни од своите семејни животи и од провинцискиот живот, Лисиен (ја игра Одран), која му е сопруга на градоначалникот, и Пјер (го игра Пиколи), заменикот на градоначалникот, веќе неколку години се љубовници. Градоначалникот (го игра Пјеплу) не е заинтересиран за сексот, додека сопругата на Пјер со години е болна и врзана за постелата. Наеднаш, сопругата на Пјер умира, а жителите на градот сметаат дека се работи за самоубиство. Меѓутоа, Пјер ѝ признава на Лисиен дека тој ја убил сопругата. така, двајцата добиваат идеја дека на сличен начин можат да постапат и со нејзиниот сопруг, со цел да ја остварат својата љубовна среќа...