„Црвената крчма“ (француски: L'auberge rouge) — француски филм од 1951 година во режија на Клод Отан-Лара (Claude Autant-Lara), кој е автор на сценариото, заедно со Жан Оренш (Jean Aurenche) и Пјер Бост (Pierre Bost). Главните улоги ги играат: Фернандел, Франсоаз Росеј (Françoise Rosay), Мари-Клер Оливија (Marie-Claire Olivia), Жан-Роже Косимон (Jean-Roger Caussimon) и Нане Жермон (Nane Germon).[1]

Синопсис

уреди

Еден свештеник (го игра Фернандел) пристигнува во една крчма, каде жената на сопственикот му се исповедува признавајќи му дека таа и сопругот ги убиваат и ги ограбуваат гостите. Според црковните закони, свештеникот не смее да ја открие исповеданата тајна, но сепак, тој прави сè за да ги спаси гостите кои се наоѓаат во крчмата...

Наводи

уреди