Цитадела Шпандау (германски: Zitadelle Spandau) — тврдина во Берлин, Германија, една од најдобро зачуваните ренесансни воени градби во Европа. Изградена од 1559–94 над средновековна тврдина на остров близу Хавел и Шпре, а нејзината намена е да го штити градот Шпандау, кој сега е дел од Берлин. Во последниве години се користи како музеј и е популарно туристичко место. Исто така, внатрешниот двор на Цитаделата служи како место за концерти на отворено во летниот период уште од 2005 година.[1].

Цитаделата Шпандау

Историја

уреди
 
Гроф Рохус цу Линар

Италијанскиот архитект Франческо Кијарамела де Гандино почнува да ја планира Цитаделата во 1557, а година подоцна е заменет од неговиот сонародник, Рохус Граф цу Линар. Со четири столбови, симетрично поставени и поврзани со ѕидови од завеси, Шпандау Цитаделата е идеален пример за тврдина од XVI век. Поради поставеноста на столбовите, не постои слепа точка каде што би можеле да се кријат непријателите.

Иако првите трупи ѝ се доделени на Шпандау Цитаделата во 1580, нејзината целосна изградба не е готова до 1594 година. Шведските трупи се првите што ја опколиле цитеделата во 1675 година. Во 1806, гарнизонот на цитаделата без борба ѝ се предава на француската војска предводена од Наполеон при Падот на Берлин. Во 1813 е освоен од прусиски и руски сили, но бедемите се сеериозно оштетени за време на битката и потребна е реставрација. Цитаделата исто така се користела како затвор за прусиските државни затвореници, вклучувајќи го и германскиот националист Фридрих Лудвиг Јан.

Во 1935 година, изградена е Армиската лабораторија за гасна заштита. Овде се вработуваат околу 300 научници и техничари кои истражуваат хемиско оружје (вклучувајќи синтеза, животинско и човечко тестирање, развој на муниција и развој на мануфактурните процеси). Многу од работата изведена за создавање на нервен гас е направена тука.[2]

 
Француските трупи го напуштаат Шпандау на 27 април 1813; масло на платно (1913) од Карл Ролинг

Кон крајот на Втората светска војна, за време на Битката на Берлин, Цитаделата стана дел од одбраната на градот. Иако неколку стотици години стара, дизајнот tracé à l'italienne на Цитаделата, ја прават градбата тешка за пробивање. Па, наместо бомбардирање и пробивање на цитаделата, Советите ја држеа под опсада и преговараа за предавање. По преговорите, командантот на цитаделата се предаде на генералот-полковник Перхорович и неговата 47-ма Армија, неколку минути по 15:00ч. на 1 мај 1945, спасувајќи многу животи и оставајќи ја ренесансната тврдина нечепната.[3]

По Втората светска војна, Шпандау Цитаделата првично е окупирана од советските трупи. По поделбата на Берлин од сојузничките сили, Шпандау и неговата Цитадела се дел од британскиот сектор. Иако има историја како затвор, сепак Цитаделата не се користи како затвор за национал-социјалистичките воени злосторници. Тие се затворани во Затворот Шпандау во истата берлинска околија.

Устројство

уреди

Цитаделата е составена од различни градби, сите поврзани со одбрана. Влезната капија со ланчан мост ги попречувала напаѓачите при влез во цитаделата. Готската палата била користена како станбен објект. Во бастионот Конихин, пронајдени се 70 еврејски надгробни плочи, како доказ за еврејскиот живот во важното трговско гратче и функцијата што ја имала цитаделата како прибежиште. Кулата Јулиус е најпознатата знаменитост на Шпандау. Изградена е со оригинална намена како караула, но се користела и како кула за престој. Нејзиниот кастеларен врв бил дизајниран од Карл Фридрих Шинкел во 1838 година и е пример на романтичарска архитектура. По Француско-пруска војна 1870/71, дел од воените репарации платени од Франција, 120 милиони марки во златни монети, биле чувани во кулата Јулиус сѐ до нивното враќање на Франција во 1919 година. Зборот Јулиштурм оттогаш се користи во Германија за владините буџетни вишоци.

Од 1950 д0 1986 година, во цитаделата се наоѓа стручното училиште Ото Бартнинг. Подоцна, сѐ повеќе и повеќе градби се редизајнирани во музеи и за изложби. Денес, Цитаделата Шпандау е позната по концертите на отворено за време на Цитаделскиот музички фестивал.

Сцени од акциониот филм од 1985, Gotcha! се снимени во и околу Цитаделата Шпандау.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. „Citadel Music Festival“. citadel-music-festival.de. 29 November 2017. Посетено на 29 November 2017.
  2. Tucker, Jonathon B. (2006), War of Nerves, Chapter 3, New York: Anchor Books, ISBN 978-0-375-42229-4
  3. Beevor 2002, стр. 372-375.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

52°32′29″N 13°12′44″E / 52.54139° СГШ; 13.21222° ИГД / 52.54139; 13.21222