Цирокумулус лентикуларис
Цирокумулус лентикуларис (Cirrocumulus lenticularis) ― вид на цирокумулусен облак. Името cirrocumulus lenticularis потекнува од латински, што значи „како леќа “.[1] Цирокумулус лентикуларисите се мазни облаци кои имаат изглед на леќа или бадем. Тие обично се создаваат на сртот на атмосферските бранови, кои инаку би биле невидливи. Овој вид цирокумулус често може да биде доста издолжен и нормално има многу издвоени граници. Цирокумулус лентикуларис се создава кога стабилниот воздух е принуден нагоре; ова обично се должи на орографските особености, но може да се случи и подалеку од планините.[2] Со овие облаци повремено може да дојде до иризација.[3]
Цирокумулус лентикуларис | |
---|---|
Кратенка | Cc len |
Симбол | |
Род | Cirro- (навиткан) -cumulus (наставан) |
Вид | lenticularis (облик на леќа) |
Височина | Над 6,000 м |
Изглед | леќа или облик на костен |
Врнежен? | Само вирга |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Numen - The Latin Lexicon. „Definition of lenticularis“. Посетено на 24 август 2021.
- ↑ Dunlop, Storm (2003). The weather identification handbook (1 Lyons Press. изд.). Guilford, Conn.: Lyons Press. стр. 66. ISBN 1-58574-857-9.
- ↑ Callanan, Martin. „Cirrocumulus lenticularis“. International Cloud Atlas. nephology.eu. Архивирано од изворникот на 2020-02-25. Посетено на 24 август 2021.
Надворешни врски
уреди- Меѓународен атлас на облаци - Cirrocumulus lenticularis Архивирано на 25 февруари 2020 г.