Циганска група (музички албум)
Циганска група или Група Цигани (англиски: Band of Gypsys) - музички албум на истоимената американска рок-група од 1970 година.
Содржина
уредиАлбумот содржи шест песни:[1]
- Who Knows (9:34)
- Machine Gun (12:38)
- Changes (5:11)
- Power to Love (6:55)
- Message to Love (5:24)
- We Gotta Live Together (5:51)
Опис на албумот
уредиАлбумот е снимен во живо, во Филмор Ист, Њујорк, за време на концертот на групата на новогодишната ноќ меѓу 1969 и 1970 година. На албумот настапуваат: Џими Хендрикс (гитара и вокал), Бади Мајлс (тапани и вокал) и Били Кокс (бас гитара). Автор на четири песни е Џими Хендиркс, додека Бади Мајлс е автор на две песни (третата и шестата). На обвивката на албумот се наоѓа фотографијата на Хендрикс - дело на Јан Блом.[2] На некои изданија, песната „Power to Love“ е наведена како „Power of Soul“, додека песната „Message to Love“ понекогаш се среќава со насловот „Message of Love“.