Цезарова шифра е вид шифрирање со директна замена. При употребата на овој начин на шифрирање секоја буква се замнува само со една и секогаш иста друга буква, во целиот текст.

Дејството на Цезаровата шифра е да се замени секоја буква од обичен текст со друга, поместена фиксен број места во азбуката. Шифрата прикажана на сликава користи лево поместување од 3, така што (на пример) секоја појава на E во обичниот текст станува B во шифрираниот текст.
Цезаровата шифра го добила името според Јулиј Цезар, кој користел азбука при дешифрирањето што се поместувала за три места лево.

Според некои историски извори, овој начин на кодирање бил користен од Јулиј Цезар.

Математички запис

уреди

За кодирање на македонската азбука се користи модул 31, а за англиската модул 26

Шифрирање

 

Дешифрирање

 

каде што n е клучот в случајот n = 3, x е вредноста на буквата а = 1, б = 2 итн.

Примена

уреди

Најчесто користена верзија на Цезаровата шифра е кога секоја буква на компјутерската тастатура се заменува со соседната десна или лева соседна буква.

Така S се заменува со A, F се заменува со D, G се заменува со F итн.

Пример:
Текст: Ova e skriena poraka
Клуч: соседна десна буква
Код: Pbs r dltorms [ptsls