Цветната девојка (Ингам)

Цветната девојка — слика од средината на 19 век на ирско-американскиот уметник Чарлс Кромвел Ингам. Изработена во масло на платно, сликата прикажува млада жена која држи букет цвеќе. Сликата моментално се наоѓа во колекцијата на Музејот на уметност Метрополитен.

Цветната девојка 1846 година

Опис

уреди

Инграм ја насликал „Цветната девојка“ во 1846 година. Иако оригиналниот порачувач на сликата не е познат, изворите шпекулираат дека е насликана за Џонатан Стурџес, кој ја поседувал сликата кога за прв пат била изложена во 1847 година.[1] Моделот кој седел за Инграм не е познат, иако еден извор шпекулирал дека е Мари Перкинс од Њу Орлеанс.[2]

Како и многу современи слики, „Цветната девојка“ прикажува улична продавачка на цвеќиња. Инграм претходно правел слики на улични продавачи, но „Цветната“ тема е невообичаено меѓу неговите дела по тоа што тој насликал млада девојка наместо младо момче. Според описот на сликата на Мет, Инграм можеби бил инспириран да наслика девојка со цвеќе од слична (и особено популарна) слика со истото име на сликарот од 17 век, Бартоломе Естебан Муриљо.[1]

Што се однесува до сликарските елементи во „Цветната девојка“ на Инграм тој ефикасно ги користел боите и насоката; Титуларниот цветен букет на девојката е составен од повеќе различни цвеќиња, додека нејзиниот поглед е вперен директно во гледачот. Девојката во десната рака држи фуксија во саксија, традиционален симбол на римската божица Флора и на фрустрираната љубов.[1] Потписот на Инграм може да се види на рачката на корпата за цвеќе.[2]

Музејот на уметност Метрополитен ја купил сликата во 1902 година како подарок од Вилијам Черч Озборн, њујоршки адвокат кој на крајот станал и претседател на Мет од 1941 до 1947 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „The Flower Girl“. www.metmuseum.org. Посетено на 2020-08-25.
  2. 2,0 2,1 Art, Nueva York (Ciudad) Museum of Modern; N.Y.), Metropolitan Museum of Art (New York; Howat, John K.; Spassky, Natalie (1970). 19th-century America: Paintings and Sculpture: An Exhibition in Celebration of the Hundredth Anniversary of the Metropolitan Museum of Art, April 16 Through September 7, 1970 (англиски). Metropolitan Museum of Art. ISBN 978-0-87099-006-9.