Хромодоменот (хроматин организационен модификатор[2]) е белковински структурен домен од околу 40-50 аминокиселински остатоци, кој најчесто се среќава во белковините поврзани со ремоделирање и манипулација на хроматинот. Овој домен е високо сочуван кај растенијата и животните, а е застапен во голем број на различни белковини, во мноштво на геноми. Некои гени кои содржат низа за кодирање на хромодомен, имаат голем број на изоформи на алтернативен сплајсинг кај кои недостасува хромодоменот.[3] Кај цицачите, белковините кои содржат хромодомен се одговорни за аспекти од генската регулација поврзана со ремоделирање на хроматинот и формирање на региони на хетерохроматин.[4] Белковините кои содржат хромодомен, исто така се врзуваат за метилирани хистони[5][6] и се појаваат во RITS (од анг. RNA-induced transcriptional silencing) комплексот.[7]

Хромодомен
Структура на поликомб хромодомен.[1]
Назнаки
СимболХромодомен
PfamPF00385
InterProIPR000953
SMARTSM00298
PROSITEPS50013
SCOP1pfb
SUPERFAMILY1pfb
CDDcd00024

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Min J, Zhang Y, Xu RM (August 2003). „Structural basis for specific binding of Polycomb chromodomain to histone H3 methylated at Lys 27“. Genes Dev. 17 (15): 1823–8. doi:10.1101/gad.269603. PMC 196225. PMID 12897052.
  2. „Analysis of the functional role of the Polycomb chromo domain in Drosophila melanogaster“. Genes Dev. 6 (7): 1241–1254. July 1992. doi:10.1101/gad.6.7.1241. PMID 1628830.
  3. „Identification and Analysis of Chromodomain-Containing Proteins Encoded in the Mouse Transcriptome“. Genome Res. 13 (6B): 1416–1429. 2003. doi:10.1101/gr.1015703. PMC 403676. PMID 12819141.
  4. „Mammalian chromodomain proteins: their role in genome organisation and expression“. BioEssays. 22 (2): 124–37. 2000. doi:10.1002/(SICI)1521-1878(200002)22:2<124::AID-BIES4>3.0.CO;2-E. PMID 10655032.
  5. „Structure of the HP1 chromodomain bound to histone H3 methylated at lysine 9“. Nature. 416 (6876): 103–7. 2002. doi:10.1038/nature722. PMID 11882902.
  6. „Structure of HP1 chromodomain bound to a lysine 9-methylated histone H3 tail“. Science. 295 (5562): 2080–3. 2002. doi:10.1126/science.1069473. PMID 11859155.
  7. „RNAi-Mediated Targeting of Heterochromatin by the RITS Complex“. Science. 303 (5658): 672–6. 2004. doi:10.1126/science.1093686. PMC 3244756. PMID 14704433.

Надворешни врски

уреди