Христо Џолев
Христо Велков Џолев — македонски револуционер, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациja (ВМОРО).
Христо Џолев | ||
Роден | Моноспитово, Струмичко | |
---|---|---|
Познат | македонски револуционер |
Христо Џолев е роден во село Моноспитово, Струмичко, во семејство на земјоделци.[1] Неговиот син Атанас Џолев бил исто револуционер. Христо Џолев се приклучува кон ВМОРО во 1901 година како четник под водство на Христо Чернопеев. Потоа станува раководител на револуциониот комитет во родното село, а од 1910 година е војвода во Струмичко.[2] По возобновувањето на ВМРО во 1919 година повторно се вклучува во револуционерното дело, но е фатен и лежи во српски затвор во Ниш.
Наводи
уреди- ↑ Атанас Џолев – “Спомени”, „Премрежјата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., стр. 215
- ↑ Борис Ј. Николов: „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник“, Софија, 2001, стр. 46