Хотел „Мериот“ (Скопје)

Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија. Во него било планирано да се инвестираат 37 милиони евра.[1] Првично, се планирало хотелот да биде отворен во 2013 година, но тоа се случи во 2016 година.[2] Тој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Хотелот „Мериот“ во Скопје
Приказ на проектот

Изградбата на хотелот ја најавија генералениот директор на македонската компанија „Дивелоп груп“ и главниот директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, со потпишување на договор за соработка.[3]

Хотелот било планирано да се гради на површина од 20.000 m², во зеленилото наспроти кафулето „Тренд“ на земјиште што компанијата го откупила од физичко лице.

Фасадата на објектот, дело на група австриски архитекти, е арт деко стил. Хотелот било планирано да има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат.

Мериот“ е водечка компанија за хотелиерство, која поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји. Седиштето на компанијата се наоѓа во САД и има приближно 140.000 вработени.

Наводи

уреди
  1. „Мериот хотел ќе се гради на плоштадот во Скопје“, „Идивиди“, 14 мај 2010.
  2. „Отворен хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје“ Архивирано на 5 април 2018 г., built.mk, 11.05.2016.
  3. „Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје, Утрински весник, пребарано на 15 мај 2010 г.

Надворешни врски

уреди