Хорватово ѕвонче
Хорватово ѕвонче Edraianthus horvatii | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Tracheophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Asterales |
Семејство: | Campanulaceae |
Род: | Edraianthus |
Вид: | Edraianthus horvatii |
Хорватово sвонче (Edraianthus horvatii) — локален ендемичен вид растение во Националниот парк Галичица.[1]
Опис
уредиРизомот е долг, кос и во горниот дел покриен со остатоци од изумрени листови. Стебленцата издигнати, поретко исправени или полегнати.
Листови
уредиНа розетата 1-3 x 1–2 mm, од долната страна влакнести, а по работ трепчести и со заострен врв. Листовите на стеблото 1-2 x 1-2mm, одоздола влакнести и по работ трепчести.
Цветови
уредиБрактеите округли, јајцевидни или јајцевидно-ланцетни, надворешните малку подолги, а внатрешните кратко заострени, 5-10 x 2–3 mm, од надворешната страна влакнести. Чашката 3–7 mm,влакнеста. Венчето сино или сино-виолетово, цилиндрично sвончевидно, 1-1,5 mm долго, слабо, влакнесто.
Плод
уредиНајчесто двограден. Семенките јајцевидни, околу 1 x 0,6 mm.[1]
Екологија
уредиЕкосистемите на планинските пасишта на карбонатни супстрати од редот Astragalo- Acanthometalia Horv. 60, поретко и во заедниците на пукнатини на варовнички карпи од сојузот Ramondion nathaliae Horv.[1]
Распространетост
уредиАлпскиот и субалпскиот појас на варовничките планински масиви во јужна Македонија, северна Грција и источна Албанија.
- Стара Галичица; во околината на „Казанот”, на варовнички карпи. 2080 m (leg. K. Micevski) (MKNH)
- Стара Галичица; во појас на високопланински пасишта, на варовнички камењари и карпи, 1800–290 m (leg. K. Micevski) (MKNH).[1]