„Холивудски крај“ (англиски: Hollywood Ending) — филм на режисерот Вуди Ален од 20002 година. Ален е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Вуди Ален, Теа Леони, Џорџ Хамилтон и Дебра Месинг.[1]

Содржина

уреди

На угледниот филмски режисер Вал Ваксман (го игра Ален) веќе одамна никој не му понудил работа. Нему му помага поранешната сопруга Ели (ја игра Леони) која живее со сопственикот на голема холивудска продуцентска куќа и така Вал добива нова можност. Во текот на подготовките за снимањето на филмот, тој има страда од хистерично слепило, така што снимањето започнува во целосен мрак. Неговата тајна ја знаат само неколкумина, но по проекцијата на снимениот материјал тајната повеќе не може да се крие и ниту најголемите напори на продуцентот не можат да ја спречат катастрофата. За среќа, Франција го почитува неговиот неконвенционален пристап во режирањето...

Наводи

уреди
  1. „Retrospektiva Woodyja Allena: Holivudski svršetak, američki film (пристапено на 27.2.2024)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-02-27.