Химна на Лихтенштајн
„Над младата Рајна“ (германски: Oben am jungen Rhein) — државна химна на Лихтенштајн. Авторството на текстот е контроверзно, но се претпоставува дека е на Јакоб Јозеф Јаух, Швајцарец од Русија, католички свештеник, кој најверојатно ја напишал песната некаде во 1850-тите. Таа се изведува со музиката од „Боже, чувај го Кралот“, чиј автор исто така не е познат. Песната била прогласена за државна химна во 1920 година со името „Над германската Рајна“. Во 1963 година текстот на химната бил скратен и деловите кои се однесувале на Германија биле отстранети. Денес химната на Лихтенштајн е единствената преостаната државна химна која ја дели истата мелодија со британската химна, откако и Швајцарија во 1961 година ја заменила својата химна со сопствена мелодија.[1]
макед. Над младата Рајна | |
---|---|
Национална химна на Лихтенштајн | |
Звучен извадок | |
„Над младата Рајна“ (инструментална верзија) | |
Текст
уредитековна верзија |
---|
Oben am jungen Rhein |
Hoch lebe Liechtenstein, |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „How many national anthems are plagiarised?“. Би-би-си. 26 август 2015. Посетено на 26 март 2020.