Хетајри или Етери или Кралски другари — стара установа во политичкиот и воениот систем на Античка Македонија, составена од околу 100 на број македонски благородници[1]. Хетајрите биле придружници на кралот во мир, кога со него учествувале на најголемите празници и обреди, но и во војна кога се бореле како коњаници под негово заповедништво.[1] Во некои историски извори оваа древна македонска установа се среќава и под имињата кралски пријатели или пријатели на кралот, бидејќи нејзините членови биле во најблиски односи со кралот уште од неговото детство и често го советувале за важни прашања од политичкиот и воениот живот.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Проева, Наде. Александар Македонски - живот и дело. Библиотека Historia Antiqua Macedonica, кн. 10. Скопје, 2012. стр.320