Хелијади (грчки: Heliades, латински: Heliades) се ќерки на богот сонце Хелиј и океанидата Климена.[1]

Хелијади

Митологија

уреди

Кога богот Зевс го соборил со молња Фаетон, нивниот брат кој ја возел златната таткова кола по небесниот свод, поради загубата на братот, Фаетоновите сестри Хелијади се претвориле во тополи, а од нивните солзи, кои паѓале во ладната вода во реката Еридан, крај чиј брег четири месеци го оплакувале братот, настанал килибар.

Наводи

уреди
  1. Замаровски 1985, стр. 132.

Литература

уреди
  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.