Харави (кечуански: harawi, шпански: haravi, jaravi) е стар традиционален правец на андската музика, но и на староседелската лирска поезија. Харави бил распространет низ Тавантинсују и денес е особено застапен во државите кои бил под директна управа на Империјата, односно во Перу, Боливија, Еквадор и делови од Аргентина и Чиле. Типично, харави е спора, духoвна мелодична песна или музика која се свири на кена, еден вид флејта. Текстот често е со љубовен карактер, секојдневен селски живот и слични теми.

Поврзано

уреди