Ханс Сама
Стивен Лив, попознат како Ханс Сама, ― француски професионален играч на Лига на легендите за Тим Ликвид, кој игра во Северноамериканската лига (ЛЦС) за Лига на легендите. Ханс претходно играл и за Роуг и за Мисфитс во Европското првенство во Лига на легендите (LEC).
Професионална кариера
уредиМисфитс
уредиХанс им се придружил на Мисфитс на 16-годишна возраст, во јуни 2016 година.[1][2] Во тоа време, Мисфитс биле нова организација во Европските предизвикувачки серии (CS).[3] Тимот се пласирал на првото место во регуларниот дел од сезоната на Предизвикувачките серии и се квалификувал за европскиот турнир за унапредување, каде што го победиле ФК Шалке 04 и го освоиле своето место во ЕУ ЛЦС; највисоко ниво на професионална игра во Европа.[4] На крајот на годината, Ханс потпишал 2-годишен договор со Мисфитс, уште пред да одигра натпревар во ЕУ ЛЦС.[2]
Следната година, Ханс и Мисфитс нашле пролетен успех, се квалификувале за плејофот и стигнале до полуфиналето,[5] и во летниот дел, стигнале до финалниот натпревар,[6] пред да изгубат од Г2.[7] Сепак, поради нивното комбинирано четврто и второ место, тимот автоматски се квалификува за Светското првенство во Лигата на легендите во 2017 година како втор носител во Европа.[8] На СП 2017, Мисфитс напредувал во групната фаза со рекорд од 3–3 и се сретна со фаворитите на турнирот СКТ Т1 во четвртфиналето.[9] Иако биле аутсајдери, Ханс и Мисфитс издржале против корејскиот тим, носејќи ја серијата до цели пет натпревари пред да го загубат блискиот петти натпревар,[10] и добиле пофалби од заедницата на лигата за нивниот впечатлив настап, и покрај поразот.[11][12][13]
Откако се покажале како претенденти на меѓународната сцена, Мисфитс се претставиле лошо во пролетта 2018 година и ја завршиле регуларната сезона со резултат од 8–10, пропуштајќи го плејофот.[14] Летото тие отскокнале доволно за да се вратат во посезоната, но завршиле на четвртото место откако го загубиле натпреварот за третото место од Вајталити.[15] Поради резултатите на својот тим, Ханс не присуствувал на СП во 2018.[16]
Во 2019 година, Мисфитс собрале впечатлива постава, вклучувајќи ги сОАЗ, Фебивен и ГорилА, додека ги задржале Ханс и Макслор, и се очекувало повторно да бидат конкурентни на меѓународно ниво.[17][18] Сепак, тимот доживеал неуспех, пласирајќи се на осмото место во пролетта и деветтото во лето, со комбиниран рекорд од 12-21 во годината, без настапи во плејофот и не присуствувајќи на меѓународни настани.[19][20] На половина пат од летниот дел, Мисфитс го замени целиот почетен состав, вклучувајќи го и Ханс, но не забележале подобрување.[21][22] Мисфитс се растурил по крајно разочарувачката сезона во 2019 година, а Ханс го напуштил тимот.[23][24][25]
Роуг
уредиХанс станал дел од Роуг пред сезоната на Европското првенство во Лига на легендите 2020 година.[25][26][27] Во пролетниот дел, Роуг влегол во плејофот, освојувајќи го последното место со резултат 9-9, но загубил во второто коло.[28] Меѓутоа, во летниот дел, Роуг, со резултат 13-5, го освоил првото место во LEC и се квалификуваl за СП 2020.[29] Но, во првата рунда од плејофот, тие беа поразени од Фнатик и паднаа во долната заграда.[30] Тие ја освоиле својата следна серија против МАД Лајонс,[31] пред да загубат од Г2 и да завршат на третото место,[32] со што станаа третиот европски тим што ќе оди на Светското првенство.[33] На турнирот, Роуг забележа резултат 1-5 во групната фаза, пласирајќи се на последното место во нивната група и завршувајќи на 13-14-то место.[34]
Во јануари 2021 година, Ханс го продолжи договорот со Роуг до крајот на сезоната 2022 година.[35] Кога започна пролетниот дел, Ханс и Роуг уште еднаш уживаа успех во регуларната сезона, постигнувајќи резултат 14–4 и се изедначија со Г2 за најдобар рекорд во ЛЕЦ. Во плејофот, и покрај тоа што го загубија својот прв натпревар од МАД Лајонс, Роуг ги порази ФК Шалке 04 и Г2 за да се пласира во финалето,[36] каде што го загубија својот реванш против МАД Лајонс во тесна серија од 5 натпревари.[37] Во летниот дел, Роуг ја завршил регуларната сезона на прво место, со 13–5, означувајќи го третиот по ред дел во кој тимот на Ханс освоил 13 или повеќе натпревари.[38] Во плејофот, Роуг го победил Мисфитс во првото коло, со што се квалификувале за Светското првенство во 2021 година,[39] пред да бидат совладани од МАД Лајонс и Фнатик, со што се пласирале на третото место.[40][41] На СП 2021, Роуг биле извлечени во Групата А, која ги содржеше и фаворитите на турнирот и победниците на двете претходни Светски првенства: Кинескиот ФанПласФеникс и Корејскиот Дамвон Киа.[42] Оваа група беше наречена „Група на смртта“ од медиумите,[43][44] и заедно со Клауд9 од Северна Америка, не се очекуваше Роуг да може да напредува.[45] Меѓутоа, на крајот од двојната рунда, Дамвон имал резултат од 6-0, додека другите три тима, вклучувајќи го и Роуг, биле изедначени на 2-4.[46][47] Изненадувачки, Роуг го победи FPX во првиот решавачки натпревар,[48] пред да загуби од Клауд9 во вториот, не успевајќи да се квалификува за нокаут фазата.[49]
Тим Ликвид
уредиПо завршувањето на СП, Тим Ликвид од ЛЦС го купиле Ханс Сама од Роуг, откупувајќи го неговиот договор за необјавена сума.[50][51][52] На претсезонскиот Лок-Ин турнир, Ханс не играл на сите натпревари бидејќи тимот го ротирал својот список.[53] Поддршката на Тим Ликвид и ботлејн-партнерот на Ханс, КорЏејЏеј, сè уште го немал добиено својот зелен картон, а тимот можел да настапува само со двајца играчи што не се жители, затоа тимот ротираше помеѓу Бвипо, Ханс и КорЏејЏеј.[54] И покрај тоа што го немале својот целосен список, Тим Ликвид го освоиле турнирот Лок-Ин, победувајќи ги Ивл Џиниусес со 3-0 во финалето.[55] На 16 февруари, КорЏејЏеј го доби својот зелен картон.[56]
Наводи
уреди- ↑ „Team Liquid add former Rogue star Hans sama“. Reuters (англиски). 23 ноември 2021. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „FORG1VEN slams long-term player contracts as Alphari signs new two-year deal – Esports News UK“ (англиски). 2016-09-06. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Renegades: Banditos renames to Misfits, picks up SELFIE, Wisdom and Dreams, sources say“. ESPN.com (англиски). 18 мај 2016. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Volk, Pete (7 август 2016). „FC Schalke 04 relegated from LCS as Misfits qualify in rout“. The Rift Herald (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Volk, Pete (2017-04-16). „UOL advances to EU LCS finals with 3–1 win vs. Misfits“. The Rift Herald (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Baker, Thomas (2017-09-02). „EU LCS Summer Finals positional breakdown“. The Game Haus (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Volk, Pete (2017-04-23). „G2 wins third consecutive EU LCS title“. The Rift Herald (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Newell, Adam (2017-08-27). „G2 Esports sweep H2K-Gaming in the EU LCS semifinals“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Goslin, Austen (2017-10-15). „Worlds 2017 Knockout Stage bracket“. The Rift Herald (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Goslin, Austen (2017-10-20). „SK telecom T1 vs Misfits Worlds 2017 quarterfinal recap“. The Rift Herald (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Karmic (2020-01-11). „From Misfits vs SKT to G2 vs SKT: The story of a gap closed“. The Game Haus (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „[KR Reactions] SKT vs Misfits : "That monster came to worlds again huh"“. InvenGlobal (англиски). 2017-10-20. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Misfits and the upset that almost was“. ESPN.com (англиски). 2017-10-20. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Find out more about the spring playoff teams in the NA and EU LCS“. Red Bull (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „LoL: Vitality defeats Misfits in third-place match“. ESPN.com (англиски). 8 септември 2018. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Worlds 2018: Meet the Teams“. na.leagueoflegends.com. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Karmic (2020-01-22). „The Misfits Rebrand: A Shift in Soul“. The Game Haus (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „GorillA completes an impressive Misfits Gaming 2019 roster“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Misfits Gaming's 10-man roster gambit has worldly aspirations“. ESPN.com (англиски). 19 јуни 2019. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Li, Xing (2019-03-28). „What happened to Misfits?“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ yama. „Disappointing Result, Misfits Ready to Play Roster Academy at LEC! – Game News“ (англиски). Посетено на 8 јули 2022.[мртва врска]
- ↑ „Misfits Pull Plug on Main Roster, to Start Academy Five“. Hotspawn (англиски). 2019-07-19. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Karmic (24 декември 2019). „Why Should you Support Misfits in 2020?“. The Game Haus (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Esguerra, Tyler (2019-07-25). „Misfits Gaming part ways with sOAZ and GorillA“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ 25,0 25,1 „League of Legends: Rogue Extend Contract for Support Vander as Hans Sama Joins the Team“. Esports News Network | ESTNN (англиски). 19 ноември 2019. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Welcome back Vander! Hello Hans sama! (англиски), Посетено на 8 јули 2022
- ↑ Byers, Preston (19 ноември 2019). „Rogue reportedly acquires Hans Sama, extends VandeR“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Origen eliminates Rogue from LEC Spring Playoffs“. www.invenglobal.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Vander talks Rogue's 1st place finish in the 2020 LEC Summer Split; Worlds qualification“. InvenGlobal (англиски). 9 август 2020. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „[LEC Summer Playoffs] How the G2 Esports and Fnatic resurgences stopped a change of guard in the LEC“. InvenGlobal (англиски). 2020-08-27. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Rogue defeats the MAD Lions 3–0 in the LEC Summer Playoffs, will face G2 in Semifinals“. InvenGlobal (англиски). 2020-08-30. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „LEC Finals: G2 Esports Defeat Rogue, Sweep Fnatic to Secure Title“. EarlyGame (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Chen, Patrik (10 септември 2020). „All teams qualified for Worlds 2020 – LoL“. eSports.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Heath, Jerome (11 октомври 2020). „League Worlds 2020: Group stage scores, standings, and results“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Kay, Meg (21 јануари 2021). „Hans sama extends contract with Rogue through 2022“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Esguerra, Tyler (10 април 2021). „Rogue make history by taking down G2 Esports, advance to 2021 LEC Spring Finals“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „[LEC Spring Playoffs] MAD Lions reverse sweeps Rogue to win first ever LEC championship“. InvenGlobal (англиски). 2021-04-11. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Polhamus, Blaine (2 август 2021). „Rogue end the LEC regular season at first place - Vitality claim the last playoff spot - League of Legends“. eSports.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „[LEC Summer Playoffs] Rogue is the first team to qualify for Worlds 2021 after defeating Misfits 3-2“. InvenGlobal (англиски). 2021-08-13. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „MAD Lions sweeps Rogue to qualify for finals of 2021 LEC Summer Playoffs“. InvenGlobal (англиски). 21 август 2021. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Esguerra, Tyler (28 август 2021). „Fnatic stomp Rogue in dominant three-game sweep to qualify for the 2021 LEC Summer Finals“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Polhamus, Blaine (9 октомври 2021). „These are the teams in the Worlds 2021 Group Stage - League of Legends“. eSports.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Worlds 2021 Groups Draw: Group A is Death, Group B is Scary“. Hotspawn (англиски). 22 септември 2021. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ tea, journalist of 10+ years Lives on black; Love, Corgi (22 септември 2021). „Worlds 2021 group draw results: Rogue gets group of death again“. InvenGlobal (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Worlds 2021 group draw roundtable | Results, reactions and analysis“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Kelly, Michael (15 октомври 2021). „Cloud9 fall to DWG KIA, will play decisive tiebreaker vs. Rogue or FPX at Worlds 2021“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Cloud9, Rogue and FPX tie at 2-4 in Group A at Worlds 2021“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Garcia, Ethan (15 октомври 2021). „Rogue eliminate FPX from Worlds 2021, advance to final Group A tiebreaker against C9“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Polhamus, Blaine (2021-10-16). „Cloud9 escape the Group of Death - Why did FPX fail? - League of Legends“. eSports.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Sources: Hans sama, Bjergsen plan to sign with Team Liquid; Jensen out“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Hanes, Robert (2021-11-23). „Team Liquid Welcomes Hans Sama as New Bot Laner“. The Game Haus (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Hans Sama: Change & Commitment“. www.teamliquid.com (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „[UPDATED Jan. 12] CoreJJ & Hans sama will split games during Lock In due to import restrictions“. InvenGlobal (англиски). 2022-01-13. Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Sources: CoreJJ and Hans sama will split time during Lock In tournament due to green card complications“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ „Team Liquid defeat Evil Geniuses, become back-to-back Lock In champions“. Upcomer (англиски). Посетено на 8 јули 2022.
- ↑ Esguerra, Tyler (16 февруари 2022). „CoreJJ has acquired his green card, according to Riot's Global Contract Database“. Dot Esports (англиски). Посетено на 8 јули 2022.