Хамер — коктел од сладолед првично создаден во Детроит, Мичиген, во Bayview Yacht Club од Џером Адамс. Тоа бил првиот „алкохолен милкшејк“ од доцните 1960-ти. Се прави со лесен рум, Кахлуа и ванила сладолед.[1]

Двајца легендарни шанкери се заслужни за создавањето на пијалокот. Според The Detroit Free Press, Џером Адамс го создал пијалокот во Bayview Yacht Club во 1967 година, но во написот од 1982 година , The Free Press изјавиле дека тој бил измислен во London Chop House од страна на Фарук Елхаје.[2][3] Оригиналниот рецепт еволуирал со текот на годините, при што новите верзии го замениле сладоледот од ванила со пеперминт, путер пекан или користеле свеж крем наместо сладолед.[4]

Пијалокот се прави силен со речиси 118 милилитри алкохол во чаша од 220 милилитри. И покрај високата содржина на алкохол во пијалокот, тој нема силен вкус на алкохол. Цената на чаша била околу 90 долари во 2014 година.[5]

„Хамер“ не доживеал толку популарност како другите класични коктели како „Последниот збор“, бидејќи сладоледот се смета како тешка состојка за работа.[6]

Наводи

уреди
  1. „Bay Hill Hummer“.
  2. „Mourning The Man Who Invented The Hummer, A Beloved Detroit Ice Cream Cocktail“. Forbes.[мртва врска]
  3. Who Really Invented the Detroit Hummer?, Detroit Free Press, Detroit, Michigan, 10 May 2018
  4. „The Hummer cocktail: Born in Detroit“. Detroit Metro Times.
  5. A Toast to a Historic Cocktail, The Times Herald, Port Huron, Michigan, 06 Jul 2014, Page B6
  6. Who Really Invented the Detroit Hummer?, Detroit Free Press, Detroit, Michigan, 10 May 2018