Хавликов закон е јазичен закон на прасловенскиот јазик именуван по неговиот откривач Антонин Хавлик. Правилото се однесува на полусамогласките, односно еровите во прасловенскиот јазик, кое функционирало пред фазата на губење на еровите.

Силни и слаби ерови

уреди

Еровите настанале од прасловенските кратки самогласки */i/ и */u/, соодветно. Како самогласки, тие имале улога во законот за отворени слогови, според кој секој слог морал да завршува на самогласка. Старословенскиот, на пример, воопшто немал затворени слогови и секој слог завршувал на самогласка, што не случај со денешните словенски јазици.

Хавлик го опишал образецот по кој во зборот се јавуваат слаби и силни ерови. Броејќи од крајот на зборот, последниот ер е слаб, оној пред него силен, па слаб и.т.н., додека не се стигне до полна самогласка, а потоа образецот повторно се повторува наизменично, слаб, па силен.

Ваквата поделба на слаби и силни ерови е важна од проста причина, што во развојот на словенските јазици слабите ерови се испуштиле, додека силните ce вокализирале во полни вокали.