Формула 1

(Пренасочено од Ф1)

Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на автотрки според Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) — врховниот светски орган за автоспорт. Името „формула“ доаѓа од низата одредби и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето. Првенството на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема награда кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на првенството за возачи и за конструктори.

Формула 1
Категоријатркање
Земјамеѓународно
Прва сезона1950[1]
Возачи20
Екипи10
Конструктори10
Изработувачи на моторитеРедБул · Ферари · Mercedes · Рено
Добавувачи на гумиПирели
Првопласиран возачХоландија [Max Verstappen]
(RedBull)
Првопласирана екипаРед Бул
Порталformula1.com
Тековна сезона
Луис Хамилтон и Мерцедес се најтрофејниот возач и најуспешниот конструктор во Ф1. Тој освои седум титули Но во 2020 сезона, Луис Хамилтон го постигна рекордот на Michael Schumaher.

Возилата се тркаат со големи брзини на мошне сложени виулести патеки. Постигнуваат брзини над 350 км/ч. Дизајнот на возилата постојано се менува и напредува во поглед на електрониката, аеродинамиката, амортизацијата и пневматиците.

Иако Ф1-трките и најголемиот дел од конструкторите потекнуваат од Европа, Големи награди се одржуваат низ целиот свет. Некои од трките во Европа и Америка се заменети со Бахреин, Кина, Сингапур, Обидинети Арапски Емирати и Јапонија, а од 2021 г. и Саудиска Арабија. А во 2022 и Мајами.

Ф1-трките се голем телевизиски настан следен од милиони луѓе во двесте земји.

Натпреварувањето е регулирано од ФИА, а комерцијалните права за Ф1 се пренесени на Групата Формула Еден.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Уредбите за формулата се направени во 1946 г. Првата трка се одржала во 1947 г, а првата сезона (светско првенство) била во 1950 г.

Надворешни врски

уреди