Фудбалски тактики и вештини
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Постојат повеќе поединечни способности и тимски тактики потребни за играње на делотворен фудбал.Според тврдењето на Кевин Киген фудбалот е теоретски многу едноставна игра каде што неговата позната тактичка замисла за добивање на еден меч е "да се постигнат повеќе голови од противникот"Сепак добро организираните и добро подготвените тимови почесто излегуваат како победници во двобоите со тимови кои наводно имаат по вешти играчи.Прирачниците и книгите за тренирање општо не само што ги покриваат поединечните способности туку ги покриваат и тактиките.
Формации
уредиФормациите во фудбалот се метод за поставување на играчите на теренот со цел да му се овозможи на тимот да игра во согласност со претходно договорени тактики.Може да се употребат различни формации во зависност од тоа дали тимот сака да игра напаѓачки или одбранбен фудбал.Обично ако тимот повеќе ја има топката и поентирал повеќе од еднаш,продолжува со чување на топката и не ризикува правејќи додавања кои можат да доведат до губење на топката.Формациите можат да се менуваат за време на натпревар,но играчите треба да се прилагодат на новиот систем на игра.Формациите ги земаат предвид бројот на играчи во секоја област,почнувајќи од одбранбената линија(со исклучок на голманот).Се зема предвид спогодбено кога тимот се брани и е соодветно организиран.Формациите кои најчесто се користат се варијации на 4-4-2,4-3-3,4-2-3-1,3-5-2 и 4-2-2-2.Фудбалот порано се потпирал на формации со повеќе напаѓачи,но постепено формациите се смениле кон зголемена сигурност во одбраната.Старите формации вклучуваа 2-3-5,2-2-6 и 4-2-4.Некои радикални фудбалски филозофии како што се тотален фудбал и тики-така до одредена мера ја предизвикале идејата за формација.Во овие системи играчите имаат толкава слобода на движење што често доведува до тешкотии да се назначат на одредена позиција.Тие исто така се сметаат за необични формации:некои коментатори тики-таката што шпанците ја употребија на Еуро 2012 ја опишуваат како формација 4-6-0.
Стилови на игра
уредиПротив-напаѓачки фудбал
уредиЦелта на овој вид на фудбал е да се фати противникот на "пауза".Кога едниот тим го препушта поседот на топка во нападот или во средината на теренот,противничките играчи се стремат да се задржат подлабоко и повеќе во напад од обично а со тоа не се во можност да се прилагодат на дефанзивен менталитет.Против-напаѓачкиот може да вклучи оставање на еден или двајца напаѓачи кај линијата за што означува центар на теренот со надеж дека ќе се протне топка за да се фатат противниците неспремни.Ова е аналогно на тактиката со долгата топка објаснета подолу.Во примерот,нападот на црниот тим пропадна и топката заврши во рацете на белиот голман.Со дегажирање на топката до најдалечниот бел играч(таму лево со надеж во ситуацијава-ова е таа гореспомената "пауза")играчот има шанса да постигне ако е доволно брз да ја избегне одбраната.Во други случаи,обранбените играчи и играчите од средината можат да му се придружат на против-нападот со обид бројно или на друг начин да го надминат противникот со ведри и интелегентни движења и брзи додавања.Брзината е битен фацтор како во одбрана така и во напад,бидејќи можноста за постигнување на гол драстично се намалува доколку противничкиот тим успее да ја организира својата одбрана.Овој вид на игра одлично го прикажа Германија со брзата и контра-напаѓачка игра во Светскиот Куп на Фифа 2010 година,стил на игра којшто неуморно го користеше рекордерскиот Реал Мадрид во Ла Лига сезоната 2011-2012.
Фудбал со голем посед на топката
уредиТимови кои целат кон задржување на топката во нивен посед подолг временски период,со што остваруваат голем процент на додавања со мал ризик на губење на истата,се вели дека играат поседувачки фудбал или фудбал со голем посед на топката.За да се искористи оваа тактика се потребни играчи вешти во контрола на топка и се прецизни додавачи.Ако ова успее,повеќе се уморуваат противничките играчи бидејќи се приморани повеќе да трчаат и соборуваат.Стил на поседувачки фудбал кој потекнува од Шпанија е "тики-така",каде огромен број на почетни кратки додавања ги развиваат повеќе играчи на екипата пред да прерасне во конечен напад кон противничкиот гол.Овој стил делотворно го искористи шампионот Шпанија на натпреварувањата Уефа Еуро 2008,Светскиот Куп Фифа 2010 и Уефа Еуро 2012 под раководство на Луис Арагоњес односно Винсенте Дел Боске и тимот на ФК Барселона од 2008-2009 под раководство на Жозеп Гуардиола.Клубовите или државните репрезентации кои играат поседувачки фудбал имаат тенденција многу често да доминираат со противниците зависно од тоа колку се тие добри.Поголем дел од Јужноамериканските државни репрезентации играт поседувачки фудбал,освен Еквадор,Парагвај и Уругвај.Германија се префрли од многу брз и прецизен отворен фудбал кон многу брз и прецизен поседувачки фудбал.
Отворен фудбал
уредиСе почесто се поврзува со противнапаѓачкиот отколку со поседувачкиот фудбал а играчите многу кратко ја држат топката пред додавање.За да се постигне ова секој играч најчесто топката ја допира еднаш или двапати.Отворениот напад понекогаш се поврзува со стилот со долги топки.Долга топка е термин кој во фудбалот се користи да се опише најчесто не многу сигурен обид да се додели топка преку центаршут без намера да се додаде точно во нозете на примачот на топката.Тоа е техника која може да биде исклучително делотворна за тим со висок напаѓач кој се уфрла во шеснаесетникот.Многу реномирани европски клупски тимови како што се Манчестер Јунајтед,Реал Мадрид,Баерн Минхен и Олимпијакос играат отворен фудбал.Тие во исто време играат и поседувачки фудбал исто така.Значи тие играат отворен фудбал па одеднаш се префрлаат на поседувачки фудбал и обратно.
Заменување
уредиВо натпреварувачки мечеви со единаесетмина играчи кои го стартуваат,екипите смеат да извршат до три измени.Правилата на натпреварувањето мора да го наведе максималниот број на играчи што се назначуваат како замени,што може да се движи од три до седум.Во ненатпреварувачки двобои бројот на замени мора да се одреди пред почетокот на истите,освен во меѓународни пријателски мечеви каде не смее да се има повеќе од шест замени.Општо најзаморените играчи се мета на замена,но само ако оние кои ги заменуваат се добро тренирани за да ја исполнат истата улога или ако во исто време се трансформира формацијата за да се усогласи со замената.Тренерите често се воздржуваат од изменување на одбранбените играчи за да не се нарушува дефанзивното држење на тимот.Наместо тоа,тие често ги заменуваат неефективните напаѓачи или неимагинативните играчи од средината на теренот со цел да се освежи напаѓачкиот став и да се зголемат нивните шанси за постигнување гол.За тим којшто губи на еден меч,свеж напа”ач може да донесе корист во надмудрување на противничката одбрана составена од релативно уморни играчи.За тим којшто води во еден меч,свеж играч од средината на теренот или дефанзивец може да донесат поволност во зацврстување на одбраната против противничките напаѓачи(кои и самите може да се свежи замени).Во оваа ситуација обично дефанзивците или играчите од средината на теренот кои играат остро и грубо ги заменуваат креативните талентирани шпицови.Повредените играчи исто така може да имаат потреба да бидат заменети.За секој повреден играч што мора да се замени тимот губи уште една шанса за подоцна во натпреварот да влијае во своја корист.Замените исто така може да се користат како тактика за добивање во време за да се задржи водство од еден гол во последните минути.
Прекршоци и лошо однесување
уредиСледат практикување прекршоци и лошо однесување во фудбалот: •Глумење повреда со цел да се одолговлече играта или противникот да добие картон или исклучување •Задевање на противниците со цел да се извадат од баланс •Обид да се влијае врз судиите •Скришум допирање на топката со раце •Влечење на дресовите на противницте скришум •Илегално запирање на противнички контра-напад •Невнимателно влегување во двобои со противничкиот голман •Професионални прекршоци Иако некои навивачи и играчи играта со прекршоци ја сметаат за добар дел од играта(сè додека им помага да победуваат),ФИФА постојано ги менува правилата и објавува камањи за промовирање на "Фер-плеј"..
Поединечни способности
уредиЗначењето на способноста сразмерно зависи од позицијата на играчот на теренот.Севкупно,фубалските способности можат да се поделат во четири главни области,имено надвор од теренот технички,физички,умствени и голманско-технички способности.
Технички способности
уреди• Справување • Брзина • Спринтирање • Кондиција • Сила • Изведување аути • Шутирање • Удари со глава • Издржливост • Физички способности • Брзина • Агилност • Спринтирање • Кондиција • Удари со глава • Моќ • Издржливост • Скокање • Рамнотежа • Ситуации еден на еден • Умствени способности • Интелигенција(разбирање на играта) • Визија(способноста да се предвиди изградена игра пред другите и да се види додавање или свеста на играчите околу тебе) • Сталоженост(способноста да се контролира играта во секоја критична ситуација на натпреварот) • водство(можноста да се водат младите играчи на теренот и да се мотивираат и инспирираат другите) • Комуницирање(може да се смета за ментална способност) • Одлучување(однапред да одреди што ќе прави) Голмански способности • Скокање(може да се смета за физичка способност) • Агилност(може да се смета за физичка способност) • Рамнотежа(може да се смета за физичка способност) • Комуницирање(може да се смета за умствена способност) • Изведување гол аут(се смета за физичка способност) • Справување(може да се смета за техничка способност) • Ситуации еден на еден • Поставување • Рефлекси(може да се смета за умствена способност) • Одлучување • Изведување аути(може да се смета за физичка способност)
Тактички ситуации за време на натпревар
уредиОпшти принципи на напад и одбрана
уредиШирочина и длабочина на двата принципа напад и одбрана.
• Широчина во напад- напаѓачот се обидува да ја подели одбраната со пространо ширење точки преку кои ќе напаѓа,отколку да се обиде со форсирање напади преку тесни продори.Ова може да вклучи крилно играње или брзо преместување кон отворен пат при доближување кон голот.Главно кога се користат крилните играчи се создаваат простори помеѓу одбранбените играчи што ја користат широчината.Овие простори може да се користат за снабдување со топки на напаѓачите.
• Широчина во одбрана- дефанзивецот возвраќа со цел или да добие широчина или да го стесни просторот.Напаѓачите се згужвани или насочени во потесни или по збиени приоди
• Длабочина во напад- напаѓачот ја користи длабочината движејќи се нанапред со играчите по страна,но може да користи постојан напаѓач кој ќе биде мета,или играч кој е истурен во нападот за постојано да биде присутен длабоко во одбраната.
• Длабочина во одбрана- одбранбениот играч ја користи длабочината со чување на играчите кои даваат поддршка на противничкиот тим и чуваат уште еден играч позади во одбрана како заштита за истурените играчи во нападот на противничкиот тим,и тоа понекогаш во улога на "чистач" или "либеро".Поради тоа играчот со топка нема да има на кого да ја додаде,но затоа може да ја напушти длабочината привремено за да постави офсајд стапица.
• Рамнотежа во одбрана.Одбраната врши обиди за урамнотежено покривање на опасниот простор.На пример,играчите не се насобираат на десната страна едноставно само затоа што топката е на таа страна во тој момент.
Офанзивни тактики:напаѓање
уреди
• 'Додади и движи се' Ова е најосновната тимска тактика-веднаш штом топката дојде до играчот,тие треба брзо да одлучат дали ќе подадат или не.Ако не подадат веднаш мора да се движат со неа,а ако ја подадат тие повторно мора да се движат со топката следејќи го општото движење на топката.
Ова исто значи дека кога веќе играчот ја додал топката не треба да биде статичен туку се движи на места каде што може повторно да ја прими топката и со тоа му дава повеќе опции на играчот што ја има топката во посед.
• 'Додади и оди (или 'комбинаторно додавање').Ова е основна тактика која всушност е иста како и првата ' додади и движи' се и е суштински дел од стилот на игра човек-мета(погледни подолу).Играчот што ја поседува топката додава до соиграчот и веднаш се отвора во простор.Ако играчот што ја додал топката го изгуби својот одбранбен чувар (било преку брзина,движење,надмоќна физичка издржливост или недостаток на свест кај одбранениот играч)тогаш тој ќе биде слободен да добие повратно додавање и да продолжи понатаму со можност да го загрози голот.Кога човекот што ја примил топката ја одигрува топката веднаш до првиот играч што му ја додал е познато како 'Еден-Два'(на британски начин на изразување)
• Со користење на 'квадрат' или 'накрсно'
додавање преку целата широчина на теренот до играч кој има голем простор е многу делотворен начин како за ослободување од притисок така и за градење на нов напад.Тимот којшто е во фаза на одбрана треба да си ги прилагоди своите позиции и со тоа се создаваат простори кои може да се злоупотребат.Во примеров,играчот со број 1 е изместен од позиција со што овозможува повеќе простор за противникот.Со додавање на топката на другата страна(искривената линија претставува додавање во висина)примателот на додавањето се наоѓа во простор којшто може да го злоупотреби.
• Топка 'попреку':Користејќи го просторот позади противничката одбранбена линија: Додавањата во оваа област имаат бројни предности: ако напаѓачот го стигне додавањето водејќи грижа да избегне офсајд,тој може да се најде во ситуација еден на еден со голманот или да дојде во одлична ситуација за крилен напад.Дури и ако дефанзивецот прв стигне до додавањето,исходот сè уште може да биде добар за напаѓачкиот тим.Дефанзивецот ќе биде свртен кон сопствениот гол што може да го натера да исфрли во корнер или во аут,да направи ризично враќање на топката кон голманот или да биде притиснат силно до корнер знаменцето.Карактеристично тимовите со побрзи напаѓачи од противничките одбранбени играчи ќе се обидат да го искористат овој простор додека тимот што се брани во овие случаи ќе се обиде да ги задржи своите играчи повлечени назад во одбрана со цел да се овозможи што помалку простор помеѓу дефанзивците и голманот.
• Долга топка попреку
: Ова е долга,обично високо додадена топка од сопствената половина на тимот над главите на одбранбените играчи на другиот тим.За напаѓачите е одредено да бркаат и е важно да не бидат во офсајд позиција додека топката не биде удрена.Тактикава најдобро функционира со силни и брзи шпицови кој ќе имаат добри шанси за повторно враќање на загубената топка,заземање контрола врз неа и на крајот биење кон голот.Во шематскиот приказ,топката (црвената линија) се додава до најпоследниот напаѓач,точкестата сина линија го покажува нивното движење.Во овој пример,додавање попреку кое би одело по земја би било спречено од еден од дефанзивците (црниот тим) бидејќи растојанието помеѓу двата централни дефанзивци е многу мало.
• Користење на просторот помеѓу дефанзивната и линијата на средината на теренот на противникот (' дупката'). Најопшто познато градење на напади е да се додава топката во просторот помеѓу дефанзивците и играчите од средниот ред.Нормално.напаѓачот свртен со грб кон голот ќе го прими додавањето.Тој ќе настојува да се сврте заедно со топката или да ја додели на играч кој е веќе свртен кон голот,кој поволно е пред противничките играчи од среден ред-или дури во движење кон просторот позади противничките дефанзивци.
• Триаголно движење: Ова е тактика на движење која овозможува брзо и безбедно преместување на офанзивните крила додека се одржува контрола врз топката.Во триаголна игра топката се додава помеѓу тројца играчи за да се формира триаголник.Тогаш триаголникот се менува во друга позиција кога се додава нов играч.Може да се создадат многу триаголници со повеќе комбинации на играчи со намера за споро движење напред со топката без притоа да се загрози нејзиниот посед.Оваа тактика работи одлично кога се врши обид за добивање на контрола врз средината.Сепак, може да се користи чисто за напаѓачки цели.Делотворноста на оваа тактика лежи во фактот што одбранбените играчи неможат брзо да се прилагодат на стилот на игра на другиот напаѓач.
• Трампа на крилните играчи: Понекогаш,тим со два флексибилни играчи (во однос на позицијата) распространети играчи ќе им дозволи да ги заменат позициите за време на мечот.Целта е да се збунат одбранбените играчи назначени за нивно чување,со што можеби би довело до шанси додека дефанзивецот се обидува да го пронајде својот човек во прекините (корнери,слободни удари итн.,каде што човекот може да биде во тотално различна позиција и на овој начин да го избегне дофатот на својот чувар).Исто така доколку крилата се различни типови на играчи(едниот е наклонет кон центар шутеви од длабоки позиции додека другиот на пример е склон на обиди за дриблање на своите чувари), тогаш може да има слабост кај одбранбениот играч која ќе се искористи."
• Преоптоварување на посилната страна: Офанзивен напад може да ја изврши притисок на одбраната на една страна на игралиштето водејќи поголем дел од своите напаѓачи и играчи од средниот ред на една страна овозможувајќи му на крилен играч или дефанзивец да отиде на спротивната страна и тоа слабо покриен или без чувар.Тогаш се додава центрира или додава топката до тој слободен играч за да може слободно или скоро слободно да шутне.
• Користејќи играч мета: Оваа тактика е корисна кога тимот поседува квалитетен напаѓач кој знае како сам да се справи со цела одбрана.Тој обично ќе заземе двајца одбранбени играчи за да ја направи одбраната по ранлива.Во комбинација со двајца брзи крилни играчи оваа тактика може да и нанесе проблеми на одбраната составена од четворица играчи.Тимот од играчот мета може да придобие на прекините.Играчот мета може да ги користи претходно опишаните тактики,може да се обиде да ги "спушти"високите додавања до соиграчите или едноставно може да се обиде со физичката надмоќност од своите противници од противничката одбрана да си создаде шанси за себе.Алан Ширер,Данкан Фергусон,Крис Сатон,Емануел Адебајор,Лука Тони,Емил Хески,Јан Колер,Никола Жигич,Златан Ибрахимович,Питер Крауч,Дидје Дрогба и Мирослав Клозе се примери за играчи стручни во оваа улога.
Офанзивни тактики при прекини
Слободни удари
уредиСлободните удари и враќање на мртва топка во игра се случуваат по прекршок или друг прелом.Индиректниот слободен удар мора да биде допрен од страна на друг играч пред да се изведе шутот.Директен слободен удар може да се изведе дирекно кон голот.Офанзивните играчи пробуваат голем број на трикови за да ги совладаат одбранбените фудбалери кои често создаваат цврст ѕид од играчи директно пред голот.Напа”ачите може да се обидат со силен одар да го пробијат ѕидот или да ја свртат околу.Помалце користена варијанта е да се шутне топката силно и право долу по земја бидејќи дефанзивците во ѕидот обично скокаат со цел да спречат удар над нивните глави.Роберто Баџо,Дејвид Бекам,Хуан Роман Рикелме,Шунсуке Накамура,Жунињо,Андреја Пирло,Роберто Карлос,Алесандро Дел Пјеро,Весли Снајдер,Диего Марадона,Роналдињо,Стивен Џерард,Кристијано Роналдо,Мартин Харди,Брендон Сух и Роџерио Сени се познати по постигнување голови од слободни удари.
Изведување на аути
уредиЗа тоа како се изведуваат најдобро аутите зависи местоположбата: • Кога е аутот на половината на играчот што го изведува целта ќе биде да се задржи поседот и да се изгради следен напад.Фрлањето може да не оди напред,и најслободниот играч без чувар да е страничен бек позади топката.Такво изведување проследено со брзо додавање со промена може да биде делотворна тактика.Сепак под притисок топката често се исфрла по линија да се добие што повеќе простор. • Ако изведувачот е немаркиран наједноставна тактика е да се изведе кратко фрлање до градите или нозете на маркираниот играч кој топката веднаш ќе ја врати до изведувачот. • Во последната третина од игралиштето играчот може со долго исфрлање да изврши притисок на дефанзивците фрлајќи ја топката кај пеналтикот ,што е многу слично делува како ситуација на изведување удар од аголот,но со додадена предност да се избегне офсајд стапица бидејќи напаѓачот не може да биде во офсајд кога се изведува аут.Добро познати играчи по долго фрлање на топката од аут се Рори Делап и Гамст Педерсон.
Гол аути
уредиГол аут е важен "прекин" кој за време на еден натпревар се случува многу често а сепак мал број на тимови го применуваат.Ако се изведува брзо тогаш може да се додаде кратко до страничниот бек кој се уфрла по странича позиција.Иако на овој начин се зазема мал простор но се задржува многу битниот посед на топката.Подолга топка кон средината по прифатлива и е неопходно играчите од средината да бидат во позиција да ја прифатат.
Корнери
уредиКорнерот е вистинска шанса за постигнување гол и е суштински важно да се знае кој е најдобар во изведување на овој удар од аголот од лева и од десна страна на игралиштето.Добар удар од аголот ќе се центрира високо попреку голот и може да виде склон кон или надвор од голот.Најмалку еден од шпицовите треба да биде во или блиску до гол линијата кога се изведува ударот.Друга тактика за корнер е да се задржи најдобриот шутер во позадина во таканаречена "безвредна"позиција и ја остава одбраната да се грижи за тие напред.Играчот кој го изведува корнерот дава краток пас до играчот во безвредната ситуација кој има време и простор да изведе добар удар.
Општи обранбени тактики
уредиСите единаесетмина на теренот имаат одбранбена улога.Нивната улога зависи од тактикте.Во принцип постојат два вида на бранење,зонска одбрана и одбрана човек на човек.Во зонска одбрана,одбранбените играчи главно се движат во заеднички сооднос,каде што во одбраната човек на човек одбраната се движи во однос на противничките играчи.Во случаи кога на дефанзивците им се дава или сами си даваат поголема слобода,тогаш може да се забележат хибриди составени од двајца.
Прв,втор и трет дефанзивец
уредиПрвиот дефанзивец ја има главната одговорност за тоа што прави противничкиот играч во посед на топка,настојувајќи да спречи опасни додавања.Првите секунди откако тимот ќе ја загуби топката се битни,бидејќи во тој период тимот што се брани ќе биде слабо организиран во дефанзива,Со тоа примарното бранење ќе му придонесе на тимот што се брани да се организира пред противникот да нападне.Првиот одбранбен играч треба обично да биде играчот најблиску до противникот што ја има топката,но треба да биде на неговата одбранбена страна за да изврши делотворна работа.Тој треба да одржи растојание од околу два метра,иако идеалнато растојание се менува со секоја ситуација посебно.Поентата е да се притисне противникот колку што е можно повеќе без да му се даде прилика да дрибла.Со оглед на тоа што дриблањето не е многу опасно кога одбранбениот тим е добро организиран,растојанието може да биде и помало во овие случаи.Аналогно на тоа,растојанието треба да се зголеми доколку одбраната е слабо организирана.Во посебни случаи,првиот дефанзивец треба да изврши соборување или да стартува.Сепак најчесто со ова се зголемува можноста да биде издриблан или поминат. Насоката во која треба да се движи кон противникот што ја поседува топката може да биде најкратката насока.Сепак,може да биде значајно да се искриви одбранбеното трчање со цел противникот да се насочи во одредена насока.Ако тимот што се брани е добро организиран,тој треба да се насочи кон центарот на игралиштето.Во случај на привремена лоша организација на одбраната,тој треба да се насочи кон линијата. Вториот дефанзивец служи како сигурност доколку го поминат првиот.Во тој случај тој презема место на прв дефанзивец и најчесто еден од третите дефанзивци презема место на втор дефанзивец.Тимот треба да биде организиран со цел да се извршат овие промени најбрзо што може.Својствено идеално растојание помеѓу вториот и првиот дефанзивец е околу шест метри,но ова цврсто се менува од ситуација во ситуација.Најважен фактор е брзината на противникот.Ако тој се движи брзо,растојанието треба да биде подолго.Ако тој стои статично,првиот и вториот дефанзивец во некои случаи можат да ги здружат силите и да дејствуваат како двајца први дефанзивци. Работата на третиот дефанзивец е да овозможи длабока покриеност.Тој генерално е во неодредена позиција во однос на првиот и вториот дефанзивец и се обидува да забележи се,пратејќи каде се движат новите противници и покривајќи ги опасните празнини доколку ги заобиколат првиот и вториот дефанзивец.Улогата на чистач понекогаш се сфаќа како таа на третиот дефанзивец,но секој дефанзивец кој веднаш не ја презема топката нема обврска да го прилагоди своето поставување да се одбрани од опасни ситуации или да пополни ранливи простори.Додека улогите на првиот и вториот дефанзивец се скоро слични,улогата на третиот дефанзивец е многу различна во зонското и бранењето човек на човек.Исто така,нивнота организација ќе трпи промени сразмерно со формацијата.
Зонска одбрана
уредиВо зонската одбрана,вториот,третиот дефанзивец и играчите од средниот ред се организирани во два реда,во попречна насока на теренот,со што организираат одбранбена и линија на играчи од среден ред,со што средишната фунцкионира како надворешен штит за дефанзивците.Редовите треба да видат колку што е можно по прави,макар што првиот и во некои случаи вториот дефанзивец може да излезат од нив за да извршат притисок на противникот што ја има топката.Правата линија на дефанзивците може да спречи создавање простори позади некои од нив поради правилото на офсајд.Исто така дури и во зонска одбрана некои противници,на пример оние коишто се движат во опасниот простор,може привремено да треба да се чуваат.Одбранбената идеологија човек на човек констатира дека речиси сите противници треба да се чуваат во секое време,иако ќе треба да се внимава и на зонски ситуации и најчесто на чистачот ќе му се додели слободна одбранбена улога.Сепак во практиката секоја одбрана ќе биде микс на зонска одбрана и одбрана човек на човек,иако често ќе има силна наклонетост кон една од овие две.Бројот на играчи во дефанзивната и линијата од средината од теренот се одредува од бројот на фудбалски формации.Некои формации користат прицврстиувачи од средината на теренот да спречат напади помеѓу двата реда.Напаѓачите исто така обично играат улога на притиснувачи на одбранбените играчи, со цел да им го намалат времето за пронаоѓање опција за добро додавање.Редовите треба да се менуваат странично зависно од тоа каде се наоѓа топката.Третите дефанзивци треба да држат разумно растојание меѓу себе,зависно од широчината на распореденост на противничките напаѓачи.
Марлонова одбрана
уредиСекој играч во одбрана и од дефанзивен среден ред треба да штити одредена зона на игралиштето.Кога напаѓа противникот,било каде и да ја води топката кон напад,чистачот се удвојува со играчот што ја штити таа област.Чистачот обично е доволно стабилен централен бек кој поседува многу енергија.
Размислување за длабочината
уредиРастојанието помеѓу одбранбената линија и линијата на средината на теренот треба да се одржува постојано на околу петнаесет метри.Сепак,одбранбената линија треба да се повлече и да го зголеми растојанието,да отстапи кога нема притисок на противникот што е во посед на топката,бидејќи така ќе се зголеми можноста да се протне некоја топка.Со силен притисок врз противникот растојанието може да се намали и да биде под петнаесет метри.Освен тоа,како што противникот се движи блиску до казнетиот простор ,тимот во одбрана ќе биде принуден да ги придвижи своите играчи од среден ред уште поблиску до своите дефанзивци. Кога е добро организиран одбранбениот тим,тој не пружа отпор сè додека тимот што напаѓа не се доближи до одредена висина во игралиштето.Висината на притисокот ,или длабочината од која играчите од средината треба да дејствуваат како први или втори дефанзивци,зависи од повеќе фактори.На пример,силниот притисок бара играчи со голема кондиција поради тоа што е мнгоу напорен.Во глобала,дефанзивно ориентираниот тим настојува да остане повлечен со што ги намалува ризиците во одбрана,а со тоа противникот има мал простор за игра.Оваа ситуација исто така го одолговлекува патот кон голот во случај прекин или против напад ,правејќи ја долгата топка попреку карактеристичен избор.
Одбраната човек на човек
уредиВо овој систем на одбрана,секој одбранбен играч поединечно го следи својот противник насекаде.На овој начин може да се постигне екстремно цврсто чување и играчите ѕвезди често се неутрализираат во натпревар со користење на посветена "сенка".Бидејќи системот на одбрана човек на човек ги носи дефанзивците на било која страна од теренот,прекини или разбиени акции често ќе доведуваат до можности за брзи против напади.Италијанските тимови од седумдесеттите и осумдесеттите често го користеле овој пристап и тоа со импресивни резултати.Слабата страна на овој начин на одбрана е длабочината кога свежите напаѓачи се движат нанапред.Системов на одбрана им дозволува на дефанзивците да бидат исфрлени од позиција,отворајќи пукнатини за другите напаѓачи во опасните зони.Според некои аналитичари,ова беше кобната слабост на Италија во финалето 1970та година.Да се надмине овој длабински проблем,одбранбениот систем човек на човек може да користи 'чистач' кој е централен дефанзивец и има слободна улога то ест не бил назначен за чување на играч.Тој понекогаш зазема незначајни позиции позади другите дефанзивци поради тоа што неговата одбранбена улога е да ги "исчисти"сите напади што проаѓаат кај одбраната и тој како таков додава битна средишна поддршка на одбранбената единица.Најчесто чистачот раководи со одбраната.Тој во секое време одредува каде ќе биде задната линија.Зонската одбрана не бара улога на чистач,и бидејќи голем дел од тимовите ги сменија тактиките на тој начин,чистачите во денешно време се ретки.
Бранење при прекини
уредиСлободни удари од мала оддалеченост
уредиВо ваквите слободни удари пореден е ѕид од играчи од одбраната.Зависи од аголот и растојанието од голот колку играчи ќе учествуваат во ѕидот,исто така и од предвидените шутирачки способности на противникот.Ѕидот обично покрива еден крај од голот.Голманот ќе се постави блиску до другиот крај на голот,како поради гледање на топката кога ќе биде шутната,така и поради самата тешкотија на напаѓачите да упатат силен удар кон страната што ја покрива ѕидот. Удари од аголот и други центаршутеви Кај корнерите,дирекните и индиректни удари или изведување на аути што веројатно ќе станат нафрлување,повеќе од тимовите користат чување човек на човек,дури и тие кои обично претпочитаат зонска одбрана.На секој играч му се одредува противник за чување,а во понапредниот фудбал обично тоа се врши пред почеток на натпреварот.Правење замена на играч за време кога тимот се брани од прекин се смета за неразумно,бидејќии грата може да продолжи пред замената да ја зафати својата позиција.Мал број тимови ја користат тактиката на собирање на дефанзивците на една линија при удари од аголот или други слични ситуации,со цел да им се даде одговорност на одредена зона отколку на посебни противници.
Изведување пенали
уредиВо овој случај,на никој освен голманот не му е дозволено да биде во казнетиот простор или девет метри од белата точка и шеснаесет метри од гол линијата.Сепак,треба да се постави значаен дел на играчи надвор од казнетиот простор ,спремни да влетаат во просторот и да ја расчистат секоја одбиена топка.За оваа цел понекогаш тимот што напаѓа назначува двајца играчи да втрчаат кон голот од обете страни на белата точка,темпирајќи го влетувањето точно по изведувањето на ударот со надеж дека први ќе дојдат до шанса за собирање на топката доколку голманот ја одбрани.Оваа тактика се гледа ретко,поради тешката можност таа да биде одбранета и да заврши во посед на напаѓачите.Посебна тактика која може да ја користи голманот е одвлекување на вниманието на изведувачот на пеналот со што ќе му оневозможи прецизен удар.Таквата тактика нормално вклучува движење на делови од телото или телото во целост,а во необични случаи преку вербални коментари.Познати примери каде што ова било успешно се оној на Брус Гробелар во финалето на Европскиот Куп во 1984та година,и Јержи Дудек во финалето од Лигата на шампиони 2005 година.
Активна и летаргична одбрана
уредиНекои тимови користат активна одбрана со агресивно предизвикување на топката додека се во дефанзива на било кој дел од теренот.Други се потпираат на летаргичен стил,којшто е повлечен длабоко назад во својата половина кога противникот е во посед на топката.Активната политика може да нанесе огромем физички и психички притисок врз противниците,и има за цел да ги успори или рано да ги разбие нападите.Меѓутоа има повеќе физички побарувања и може потенко да ја рашири дефанзивната формација.Летаргичниот пристап е по економичен во физичка смисла и овозможува комплетна задна зона за спречување на нападите.Меѓутоа понекогаш отвора големи дупки во средината и го примамува противникот да дрибла напред и да бие од далеку;ако противничкиот тим е добар во двете гореспоменати способности тогаш лесно ќе се постигнуваат голови.
Бранење со топка во посед
уредиРасчистување е кога играчот што ја има топката е под тежок притисок најчесто пред својот гол и одлучува да ја отстрани топката со низок процент на прецизност само колку да се извлече од опасната ситуација.Кога притисокот на противникот е во голем степен,обично топката се исфрла во корнер или во аут.Долго расчистување,иако дирекно во противничките играчи,и дава на одбраната можност и време да се организира,вклучувајќи и поставување на правилната формација и степен на притисок.Доколку нападот бил длабоко на едната половина блиску до голот и казнетиот простор,одбранбените играчи брзо ќе се преместат понапред а напаѓачите ќе бидат принудени да се повлечат за да избегнат офсајд во следниот напад.Расчистувањето може да се комбинира со обид да се погоди долг пас или долга топка преку играчите.Играчите длабоко во својата половина кои се силно притиснати и сакаат да избегнат против напад,во некои случаи расчистувањето го комбинираат со шут. Тим составен од вешти додавачи и подвижни играчи со одлични способности за поставување почесто се обидуваат да избегнат расчистување,бидејќи нивните способности им овозможуваат да одиграат кратки додавања и така да го задржат поседот додека излезат од тешката состојба.Задржувањето на посед на овој начин може да се смета за долгорочен начин на бранење,со тоа што противничкиот тим не може да напаѓа кога ја нема топката во свои нозе.Со топката во свој посед тимот што ја спроведува оваа тактика едноставно може да ја додава од еден на друг играч-како што е во поседувачкиот фудбал,но со мала или немање намера за градење напад туку намалување на ризик од губење на топката.Главната придобивка од оваа тактика е тоа што тимот е во целосна контрола врз своите противници.Во меѓувреме,со кружење на топката наоколу,противниците кои вршат притисок лесно се уморуваат.Со тоа ненадејно се појавува можност за брза смена од одбрана во напад.Голем недостаток е тоа што прецизноста на додавањата треба да биде висока,кратки пасови помеѓу играчите се неопходни.Ова значително го намалува растојанието помеѓу нападот,средината и одбраната(обично средноспоменатиот е приморан да оди нанапред).Доколку противникот добие посед,долга топка може делотворно да ја отвори одбраната.Исто така,ако нападот и одбраната треба да се повлечат назад,тимот ќе има мали шанси за против напад дури и ако го врати поседот на топката.
Знаменити примери
уредиФудбалски тренери и технички прирачници како што се Фудбалски Вештини и тактики ,и Фудбалската Библија за поучување често користат визуелни симболи и шеми за да ги прикажат погоре споменатите принципи и да ги поврзат истите со историски натпревари.Следниве примери ги спојуваат техничко поучувачките набљудувања со описите од првенствените игри на ниво на Светски Куп како што пишува и во Светскиот Куп(1994) на Брајан Гленвил.Пишаните описи се шематски прикажани за читачот да може подобро да ги разбере различните фудбалски тактики и вештини бидејќи тие се применети во вистинскиот свет на највисоко ниво.
Комбинирана тимска игра со користење на широчина и длабочина:Бразил против Италија во финалето 1970 година
уреди
Совладување на одбрана користејќи широчина и длабочина.Мудра употреба на принципите широчина и длабочина доведе до конечната цел во Светскиот Куп 1970т година,што многумина го сметаат за најдобро комбиниран тимски дострел во купската историја.Речиси сите играчи на Бразил ја допреле топката во овој дострел што успеа да ја пробие една од најсилните одбрани некогаш видени,познатото италијанско катанаџо "катанец" одбрана.Италијанците играа со четворица одбранбени играчи плус еден чистач Пјерлуиџи Сера позади тие четворица.Тие се потпираа на против напаѓачки начин на игра,со тројца во средината и двајца напаѓачи,и со блиско чување противници човек на човек.Овој тесен систем како и да е вклучуваше летаргичен пристап додека со тоа што додека мноштвото играчи во пеналтикот на Италија ги одбиваше бразилските напади и ме им даваше простор на напаѓачите,во средината остави релативно огромен простор.Погледни ја "неодредената"одбранбена дискусија погоре.Сјајната вештини на Бразил ја злоупотребија оваа слабост,особено покажувајќи дека било која одбрана(без разлика дали е тоа човек на човек,зонска или друга варијанта) може да се совлада со користење на двата принципа широчина и длабочина.Слабоста на системот човек на човек исто така беше откриена.Левиот италијански бек Факети се посвети на крилниот играч Жерзињо,пратејќи го како сенка насекаде каде што одеше.Жерзињо итро се оттргнуваше од десната крилна позиција, со што се отворија продори за другите играчи како што може да се види подолу.Погледни "Размена во напад" и "Трампа на крилните играчи"погоре за дискусии од ова гледиште на офанзивните тактики.
Италијанската одбрана во брза низа повлечена налево
уредиБразилскиот играч од среден ред Клодоалдо започна да се движи со проткајан дрибблинг по левата крилна позиција со што совлада тројца играчи и многу значително ја повлече италијанската одбрана во таа насока.Неизбежно беше отворање на простор за да може десниот бек Карлос Алберто да истрча по десната страна.Клодоалдо ја додаде топката до Ривелино кој се движеше по левата страна.Ривелино набрзина ја одигра топката напред до Жерзињо кој го претрча теренот за да се појави на левата крилна позиција.
Движење во средината ја "смрзна" италијанската одбрана.
уредиСкоро без одмор моќниот Жерзињо започна со вешто трчање.Факети добро се справуваше со Жерзињо,одбивајќи му ја топката и доведувајќи го на збиени места.Паметни одбранбени играчи ги "насочуваат"(погледни дискусија погоре) напаѓачите во предели со малку простор.До таму се изгледаше безбедно за Италија.Факети покриваше добро,како и останатите дефанзивци.Имаше двајца играчи позади како сигурност кога Жерзињо го започнуваше својот галоп.Длабочината е исто така принцип на одбрана и системот со чистач(или други уредувања)овозможуваат такво нешто.Како што забрзуваше Жерзињо,секогаш опасниот напаѓач Тостао започна спринт кон средината извлекувајќи го својот чувар заедно со него,пренасочувајќи ја италијанската одбрана и со тоа создавајќи повеќе простор за Жерзињо.Помладите играчи треба да го забележат раздвижувањето на топката од страна на Бразил.Уште по притиснат навнатре,движењето на Жерзињо во секој случај ја влечеше одбраната кон него и тој ја додаваше топката до Пеле во средината.Постојано опасен Пеле застануваше и се прилагодуваше за направи дриблинг.
Дефанзивецот што врши преклоп го искористува принципот на длабочна за да го покрие движењето. За италијанската одбрана сè уште немаше соодветна причина за тревога.Пеле се чинеше дека е добро покриен и сè уште во позадина беше останат чистачот како дополнителна сигурност за одбраната.Таа глума на Пеле комбинирана со претходните движења го задржа фокусот на италијанците кон средината,повлекувајќи внимание на тројца,и тој повремено ја слизнуваше топката десно кон Карлос Алберто кој се закануваше по страничната позиција целосно немаркиран.Пеле одлично ја додаваше топката десно пред Алберто користејќи го просторот интелегентно,така што брзиот десен бек во брз трк без застанување во полн чекор шутираше кон голот разбивајќи ја топката во мрежата на италијанците.Толку беше делотворно искористувањето на широчината од бразилците,што ниту еден италијански дефанзивец не е во разумна близина да го спречи Алберто до последниот момент.Принципот на широчина ја рашири и развлече одбраната на Италија.Принципот на длабочина што овозможува свежите играчи да напредуваат странично му дозволи на Бразил да ги искористи пукнатините што ги создаде широчината.
Навлегување и заобиколување во напад:Бенкс против Пеле,Мексико 1970 година
Навлегување во напад-додавање напред или директно додавање : На еден фудбалер продорниот пас е една од првите методи што се учат во нападот,дали е тоа едноставното "удри и бркај" во младинските лиги,или префинетите директни додавања што дененишните светски фудбалски ѕвезди ги применуваат.Продирање со додавање е најбрзиот метод за придвижување на топката кон противничкиот гол.При добро извршување може да произведе спектакуларни резултати.Продирање во напад како и да бараљ повеќе од обично додавање.Играчите без топка мора да се движат во простор и мора да го темпираат движењето за да не бидат фатени во офсајд.
Заобиколување во напад: шут кон центарот. Напаѓање на противникот од страничните позиции со користење центаршутеви од крилата е една од најстарите и најефективните фудбалски тактики.Крилен напад ја користи широчината за да ја рашири противничката одбрана создавајќи пукнатини во подрачјето на голот што може да се злоупотреби.Додека насоката на страничниот центаршут не е толку отворена како директната топка ,двата пасови служат да ја поделат противничката одбрана со оглед на шутирање во виталната централна област на голот.Овој пример на легендарниот судир помеѓу голманот на Англија Гордон Бенкс и Пеле од Бразил,ги фаќа двата вида на напад во еден кадар.Исто така служи да ги појасни тешкотиите при бранење од овие два типа на додавање.
Два вида на додавање-една одлична дефанзивна заштита.Моќното трчање на десното крило на Бразил во главна режија,со почетните насоки од капитенот Карлос Алберто.Спринтирајќи по десната крилна страна,Жерзињо се нафрли на одличниот директен пас од Алберто,претркувајќи го бекот на Англија Купер и нафрли молскавично кон Пеле во средината.Пеле изведе моќен удар со глава и веќе ги крена рацете во радост кога Бенкс скокна надесно "како лосос во скок"-подоцна изјави Пеле,и некако ја одби топката што отскокнуваше над пречката спасувајќи сигурен гол.Бразилскиот напаѓач изјави дека тоа беше најдобрата одбрана од голман што тој некогаш ја видел,со што можат да се сложат многумина.
Офанзивно,ваквата игра покажува како двата вида на додавање можат да поделат и рашират одбрана.Движењето и центаршутот на Жерзињо беше попратено со одлично додавање во нападот, и неговиот центаршут до Пеле намести движење што требаше да резултира со гол,но не беше така поради исклучителните способности на англискиот голман Гордон Бенкс.Офсајд стапици се еден од начините за одбрана од двата вида на додавање,но крајно решение е одбранбена длабочина и цврсто голманство.
Комбинацијата од двајца
уреди
Користење на комбинацијата од двајца. Ваквото додавање уште познато како додавање-ѕид,дупли пас или еден-два,дади и отвори се и други локални имиња е една од наједноставните а сепак најмоќните тимски тактики во фудбалот.Тоа захтева солидно поединечно ниво на способност за да се изведе,но покрај тоа ова не треба да ги спречи тренерите да го презентираат рано во повисоките младински лиги,ниту играчите од овие лиги да го запостават во однос на лесното "удри и бркај".Постојат два начина да се изведе: (а)додади и трчај во простор за повратниот пас без застанување или (б) додавање и кратко застанување за да се измери противничката реакција пред да се истрчи во отворен простор за враќањето на пасот.Во потесни услови првата метода е подобра додека втората може да се користи секогаш кога ќе има повеќе простор за дејствување.
Моќта на комбинацијата од двајца:Холандија против Бразил 1974та година
Толку едноставно,оваа комбинација може да продре и покрај најзбиениот негативен противник.Перу го изложи на високо ниво на светска купска сцена во 1970та година,под водство на нивниот тренер Диди,поранешниот генерал од средниот ред на Бразил од 1958 и 1962 година.Од време навреме перуанските напаѓачи како што се Кубиљас,Гаљард и Сотил исфрлија централна комбинација на теренот што успеа да се протне низ противникот и да создаде безброј опасни прилики.Холандскиот тим од 1974та година исто така беше пример на комбинацијата од двајца.Оваа шема го прикажува првиот гол на холанѓаните против Бразил во 1974та година,Бразил со повторни надежи за одбрана на титулата шампион,и тоа како продуцт на размена помеѓу Јохан Нискенс и Јохан Кројф.Ова всушност и успеа.Движење на двајца исто така го постави и вториот гол за Кројф на мечот.Спротивност на "раката"на Диего Марадона подолу.
Потенцијал на комбинацијата од двајца : Голот на Марадона "Божјата рака"во 1986.Примерот покажан подолу,првиот гол на Диего Марадона против Англија во 1986та година е искористен да го покаже потенцијалот на движењето.Аргентина го употребуваше често,идеално спремна во своите ведри,брзи и кратки додавања.Како што често правеше во текот на натпреварот,Марадона започнуваше низа на брзи дриблинзи во централната искомплетирана област.Така опркужен,тој започна двојна комбинација,пуштајќи ја топката надесно кон Хорхе Валдано со движење нанапред за повратен пас.Валдано стожираше и се обидуваше да одигра повратно но условите беа тешки.Играчот на Англија од средниот ред Хоџ,излегуваше во пресрет и доста опасно се обидуваше да ја врати топката до својот голман Шилтон.Останатото е добро познато.Марадона и Шилтон се тркаа кон топката во лет,со што поврзано со раката на Марадона(таканаречениот гол со божја рака)го помина Шилтон кон голот.Додека голема контраверзност сè уште го опколува голот,тркот на Марадона покажува дека дури и најтесните ситуации може да се искористат со двојната размена.Исто така покажува како едноставната двојна комбинација може да создаде безбројни опасни ситуации и да ги принуди противниците да прават грешки.
Тројното движење
уредиДелотворност на тимовите со тројца напаѓачи. Движењето со тројца играчи е уште едно многу делотворно оружје во напаѓачкиот арсенал.Се издвојува од обичното додавање помеѓу играчите со тоа што зачетникот на движењето го завршува со удар кон голот или добро позиционирано додавање кое води кон удар.Тоа е всушност соработка на три различни играчи.Цлавнитетимови со тројца напаѓачи се легендарни во фудбалот првобитно,преку славните унгарски тимови од пеесеттите,потоа "портокаловите механизми"на холандските мајстори во седумдесеттите,вклучувајќи ги германските,италијанските,француските,аргентинските,бразилските и други тимови од современата ера.Пакетот од тројца играчи може да биде многу поделотворен од двојната комбинација бидејќи дава повеќе можности за напад и создава голема конфузија во одбраната.Почетното додавање не може брзо да се пресече како во двојно комбинацискиот маневар што навистина има само една опција.Својствено,второто додавање во тројното движење ги примамува и пренасочува дефанзивците кон погрешна област.Ова на зачетникот на дејството му дава време да истча во понапредна позиција.Соработувањата со тројца играчи не дејствуваат издвоено,тие имаат други играчи како поддршка,но тесната тројна размена останува темелен столб на успешна напаѓачка игра.
Бразил против Уругвај во 1970та година-напаѓачки пакет:Жерзињо-Пеле-Тостао.Примерот подолу е нацртан од еден од најпознатите напаѓачки тимови во историјата на светските купови,Пеле,Тостао и Жерзињо.Овој гол против Уругвај во полуфиналето во 1970та година,ја заплени моќта на тоа движење.Се започна со брзото крило Жерзињо,дриблајќи по десната крилна позиција пред напред да го пронајде Пеле.Цврсто чуван со грбот свртен кон голот,Пеле веднаш одигра итар пас до Тостао.Бразилскиот централен напаѓач ја повлече одбраната кон себе со краток дриблинг пред повторно да го пронајде Жерзињо бочно.Оваа размена на додавања му даде предност на Жерзињо во однос на другите дефанзивци и тој тоа го искористи,забрзувајќи бочно,наметнувајќи му финта (со оставање на топката да оди напред преправајќи се дека ќе ја прекине и дека ќе одигра) на уругвајскиот дефанзивец Матосас,избутнувајќи го настрана како што тој се приближуваше кон голот.Уругвајскиот голман Мажуркиевич ја напушти гол линијата но едноставно беше предоцна бидејќи Жерзињо ја протна топката во мрежата.Битно во оваа низа е напаѓачкиот простор создаден од тесните размени помеѓу Жерзињо,Пеле и Тостао.Дури ни уругвајците играјќи го еден од најзбиениот и негативен дефанзивен фудбал некогаш виден на светските купови не можеа да ги спречат.Со започнување на низата Жерзињо е опркужен од противнички дефанзивци,но на крајот тој треба да се справи само со еден.Исто така битно е да се забележи несебичното додавање на топката од бразилскиот напаѓач Тостао,со неговите способности создавајќи безброј отворања за неговите соиграчи за време на турнирот во 1970та година.
Брз против напад
уредиБрзиот противнапад условува интелегентно трчање,исцрпувачки физички труд и добри споспобности за додавање и дриблање.Шемата подолу го прикажува класичниот против напад во епскиот двобој помеѓу Англија и Германија во натпревар од Светскиот Куп од 1970та година.Две додавања,оделени од краток дриблинг доведоа до гол.Играчот на Англија од средниот ред Алан Малери го започна нападот скоро од центарот на игралиштето со пресуден лоб удар прескокнувајќи тројца Германци и тоа кон десната крилна позиција.Беше примена од Њутон,дефанзивец кој се движеше од повлечена позиција и брзо го доведе во одлична напаѓачка ситуација со мал број противници на неговиот пат.Следно што направи Њутон беше еден краток дриблинг,пред да изрежира една прекраксна ниска дијагонала со што го пронајде Малери кој имаше итрчано кон голманскиот простор.Малери го доврши започнатото со забивање на топката во голот на германскиот голман Мајер.Тактички овој гол ги соединува моќта на долгото додавање со таа на двојната комбинација,и навистина,Малери пред да додаде до Њутон размени додавања со Френсис Ли пред да го изведе крајното комбинирано трчање.
Слободни удари и прекини
уредиДоколку се изведе добро,индиректниот слободен удар може противничката одбрана да ја збуни или насочи во неочекувана дирекција.Третиот победоносен гол на Бразил против Италија во Светскиот Куп го прикажува овој метод.Главниот играч на Бразил од средината на теренот Жерсон Нунес се приближуваше радидно и мртвата топка ја вивнуваше во висок лак скоро од средишната линија.Го пронајде Пеле совршено поставен близу до италијанскиот гол.Бразилецот меко и прецизно спушти со глава право во пресрет на крилото Жерзињо кој практично ја испрати топката во мрежата.Италијанската катанаџо одбрана беше фатена надвор од позиција,не само во неуспехот да го неутрализира Пеле туку давајќи мала поддршка во спречувањето на Жерзињо.Брз,но и предизвикувачки удар од прекин често знае да ја исполни дезориентираноста на одбраните.
Директните слободни удари се клучен дел од напаѓачкиот фудбал и можат да доведат до многу голови.Бројни преправања и трикови се пробуваат за да се измами противникот,вклучувајќи и играчи кои се приклучуваат на "живиот ѕид".Успешен слободен удар од Светскиот Куп во 1970та година,на мечот Бразил-Чехословачка,прикажува како функционира оваа техника.Бразилските напаѓачи Жерзињо и Тостао мудро се приклучија при крајот на одбранбениот ѕид додека Чесите го поставуваа.Како што Пеле се повлече и се преправаше дека ќе го изведе ударот,Жер и Тостао тргнаа заедно создавајќи простор.Роберто Ривелино непланирано се уфрли странично да бие силно во пукнатината за да поентира.
Движејќи се во простор-дијагонално трчање
уредиДвижењето во слободен простор е една од најкритичните вештини што фудбалерите мора да ја развијат.Со стоење и восхитување на туѓите мајстории е непродуктивен труд.Напаѓачки ориентираните играчи мора да се придвижуваат со топката во просторот да се даде предност на шанси за успех.Додавањата во простор се изводливи тогаш кога играчите интелегентно се движат за да ја примат топката и да направат нешто конструктивно со неа.Сите одлични играчи покажуваат способност за пронаоѓање на отворени пукнатини и се забодуваат во одбраната-поставувајќи се за да примат додавање.Паметна употреба на просторот исто така доведува до конфузија во одбраната бидејќи бројните напаѓачки прилики ги исфрлаат противниците надвор од рамнотежа. Шематскиот приказ илустрира многу продуктивна употреба на движење со топката во простор на светско првенствено ниво,водејќи кон постигнување на цел.Играчот од средината на теренот Рајнер Бонхоф долго истрча дијагонално кон десната страна на игралиштето,со што се ослободи од холандските противници.Тој брзо беше пронајден од Јирген Грабовски и го продолжи својот трк недопрен длабоко во половината на Холандија,зголемувајќи брзина. Тој го совлада холандскиот дефанзивец Ари Хаан и нафрли до Герд Милер,кој долета да го прими центаршутот и ја закова топката во голот за победа на Германија.Дијагоналното движење е едно од најдобрите офанзивни движења,било на поблиската или поддалечната статива или сè до крилата далеку во средината на теренот.Дијагоналното движење создава дополнителен простор за маневар,во споредба со обичното трчање напред.
Наводи
уреди1. ^Кен Џонс и Пат Велтон,Фудбалски Вештини и Тактики,Крунисани Издавачи 1979 2. ^ Фудбалски Формации.Говори Фудбал.Архивирано од оригиналот на први јули 2008 година.Вратено 2008-07-01. 3. Ч Светско првенство - Купот на Џулс Римет 1970 Последно натпреварување.ФЕДЕРАЦИОН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕ ДЕ ФУДБАЛ АСОСИЈАСИОН,Техничка проучувачка група на ФИФА,Лондон.(ФИФА)1970)п.24 4. ^ Кен Џонс и Пат Велтон,Фудбалски Вештини и Тактики,Крунисани Издавачи 1979 5. ^ "Англија во Светскиот Куп 1998 Тимски забелешки"енгландфоотбаллонлине.цом 6. ^ Олсен, Е ,Семб,Н.Ј. , Ларсен О,Ефектив фудбал,Гилдендал Норск Форлаг А/С,Драмен 1994,ИСБН 82-05-22293-2/ ИСБН 82-573-1894 -5 7. ^ Брајан Гленвил,Светски Куп,Фабер и Фабер . 1994 8. ^ Фудбалски вештини и тактики 9. ^ Асоцијација на државни фудбалски тренери на Америка,Фудбалската Библија за поучување,Издавачи за Човечка Кинетика 2004 10. ^ Брајан Гленвил,Светски Куп,Фабер и Фабер , 11. ^ Брајан Гленвил,Светски Куп,Фабер и Фабер . 1994