Фрида Лундел
Фрида Лундел (6 март 1899 – 19 август 1934) била шведска мисионерка. Таа служела со Шведското мисионерско друштво во кинески Туркестан (денешен Ксинџијанг).
Лундел е родена во Valo во Упланд, Шведска. Работела како медицинска сестра акушерка во Јарканд околу 7 години во периоди од 1925 до 1934 година. Таа починала во Јарканд 1934 година од тифус на 35-годишна возраст.