Фрајбуршка ботаничка градина
Фрајбуршката ботаничка градина (германски: Botanischer Garten Freiburg or Botanischer Garten der Albert-Ludwigs-Universität Freiburg) е ботаничка градина во округот Хердерн на Шенцлештрасе 1, во Фрајбург во Брајсгау, Баден-Виртемберг, Германија и е поврзана со Универзитетот Фрајбург. Актуелен директор на градината е проф. д-р Томас Шпек.
„Фрајбуршка ботаничка градина“ на Ризницата ? |
Градината е основана во 1620 година, на Универзитетот Фрајбург. Таа била една од првите ботанички градини во Германија. Градината првично била дел од Универзитетот Фрајбург, на Медицинскиот факултет, каде била користена за наставни цели. За време на Триесетгодишната војна градината била уништена.
Градината била повторно изградена во 1766 година, но биле принудени да ја преселат, за да се направи место за утврдувањата изградени од страна на Маркиз де Вобан да се заштити градот Фрајбург, откако бил припоен од страна на Франција во 1677. Ботаничката градина беше поставена во близина на реката Драјзам. Нејзиниот дизајн бил под силно влијание на почетокот на ерата на просветителството и од зголемениот интерес за ботаника во текот на втората половина на 18 век. Повторно била дел од Медицинскиот факултет, градина во површина изнесувала 6,6 акри (27.000 м2). И покрај штетата од поплавите и Наполеоновите војни, во градина имало импресивни 3.000 растенија во 1829 година, исто така изградени се и стаклени градини во 1827 и 1828. Директори на ботаничката градина од тој период се Карл Јулиус Перлеб, Фридолин Карл Леополд Шпенер, Александер Браун, Карл Вилхелм фон Негели, Хајнрих Антон де Бари и Јулиус фон Закс.
Во 1878 година градината во Драјзам мораше да биде напуштена и во градината се пресели квартот на Институтите (Institutsviertel), кој остана на таа локација до Првата светска војна. Во 1912 година, градината се пресели на својата моментална локација во округот Хердерн во Фрајбург, кога новиот Институт за ботаника бил изграден таму. Градината претрпе оштетувања за време на Втората светска војна во воздушен напад над Фрајбург во 1944 година.
Денес, градината содржи околу 8.000 видови, со истражувања насочени кон фосилната флора на Шварцвалд од карбонскиот период, како и функционалната морфологија и биомеханика на живите и фосилните растенија. Нејзините колекции се растенија од алпскиот регион, од дините, од пустините, од блата и мочуришта, со четири изложбени стаклени градини (900 м2), кои содржат тропски растенија, папрати, кактуси и сукуленти.