Фонетика

(Пренасочено од Фонетска)

Фонетика (од старогрчките φωνή [фоне́] - „звук“, „глас“) — науката која ги изучува физичките гласови (звуци) на човечкиот говор. Таа се занимава со физичките својства на говорните (гласови) и сето она што физиолошки се одвива при нивната изведба, слушниот прием на гласовите, како и нивното неврофизиолошко восприемање (перцепција).

Фонетиката се изучувала уште пред 2,500 години во древна Индија. Напредокот во фонетиката ззапочнал со делото на индискиот јазичар Панини (V век п.н.е.) во кое тој расправа за местото и начинот на артикулација на согласките. Најзначајните индиски азбуки денес го следат редоследот воспоставен со класификацијата на Панини.

Видови на фонетика

уреди
  • артикулаторна фонетика се занимава со изучување на звуците на говорот од гледана точка на движењата на говорните органи коишто се неопходни за артикулација на говорните звуци. Оваа фонетика е особено важна за професорите на модерниот јазик, и за професорите коишто се занимаваат со изговор.
  • акустична фонетика е изучувањето на фонетиката, повеќе или помалку од гледна точка на физичар, односно акустична фонетика, која што се занимава со звук, а особено со научно мерење на звучни бранови или нарушувања во воздухот кои се создаваат кога зборуваме. Поради оваа причина, за изучување на акустична фонетика,соодветно, потребно е да се има добра електронска опрема, и познавање на физика и математика. Поради овие причини има тенденција да биде високо специјализирана.
  • експериментална/инструментална фонетика е тесно поврзана со акустична фонетика, која што бара одредена колиЧина на научна техника. Тоа се однесува главно со мерење и снимање на механизмот на говорот во одреден број на човечки поединци. Инструменталните фонетичари биле во можност да видат каква е позицијата на јазикот и величините за изговорот на дадениот звук со помош на х-зраците.
  • слушна фонетика се обидува да открие зошто говорниците на даден јазик се способни да ги препознаат поединечните звуци, и како тие се во состојба да направат разлика помеѓу два слични, а сепак различни звуци. Слушната фонетика не се грижи толку многу за органите на говорот колку што се грижи за органите за слушање.
  • функционална/структурна фонетика се однесува не само на физичкиот аспект на користење различни звуци за да се произведе значење, со други зборови, не се занимава со наоѓање на тоа како одреден глас се изговара, туку како звукот се користи како дел од еден збор.
  • историска/дијахрониска фонетика се занимава со фонетиката на јазикот во различни периоди од нејзината историја. Понекогаш навракајки се наназад неколку илјадници години, понекогаш и повеќе од десет векови, постојат многу пишани забелешки од многу јазици во тоа време.
  • описна фонетика се занимава со описот на звуците на даден јазик. Меѓународното фонетско здружение има специјална азбука за опишување на сите различни звуци или фонеми коишто во моментов се сметаат дека се користат во човечкиот говор. Звуците можат да бидат поделени во различни групи врз основа на тоа дали тие го користат воздухот од белите дробови или не, дали тие се гласни, позицијата на јазикот во устата, и како звукот може да биде променет.
  • судска фонетика, што претставува употреба на фонетиката за правни цели, т.е. во судската експертиза.

Фонетика и фонологија

уреди

Наспроти фонетиката, фонологијата со конкретни јазично-определени системи и шеми на гласови и гестикулации, во однос на други нивоа и аспекти на јазикот. Иако фонологијата се заснова на фонетиката, таа се има развиено во засебна лингвистичка гранка, која се занимава со апстрактни системи на гласовни и гестикулативни единици (на пр. фонема, одлики, мора, итн.) и нивните варијанти (како на пр. алофони), карактеристичните својства (црти) кои ја сочинуваат основата на смисловниот контраст помеѓу тие единици, како и нивната класификација поприродни класи заснована на заеднички појави и фонолошки процеси. Фонетиката пак, повеќе се занимава со физичките процеси на гласовите и физиолошките аспекти на творбата на говорот и неговото восприемање. Таа во помала мера се занимава со тоа како гласовите образуваат to значење.

Поврзано

уреди

Надворешни врски и наводи

уреди

Библиографија

уреди
  • Abercrombie, D. (1967). Elements of General Phonetics. Edinburgh University Press: Edinburgh.
  • Ashby, Michael & Maidment, John. (2005). Introducing Phonetic Science. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-80882-0 (hbk); ISBN 0-521-00496-9 (pbk).
  • Catford, J. C. (1977). Fundamental problems in phonetics. Bloomington, IN: Indiana University Press. ISBN 0-253-32520-X.
  • Clark, John; & Yallop, Colin. (1995). An introduction to phonetics and phonology (2nd ed.). Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19452-5.
  • Gussenhoven, C & Broeders, A. (1997). English pronunciation for student teachers. Wolters-Noordhoff BV Groningen, the Netherlands. ISBN 90-01-16703-9
  • Hardcastle, William J.; & Laver, John (Eds.). (1997). The handbook of phonetic sciences. Oxford: Blackwell Publishers. ISBN 0-631-18848-7.
  • Ladefoged, Peter. (1982). A course in phonetics (2nd ed.). London: Harcourt Brace Jovanovich.
  • Ladefoged, Peter. (2003). Phonetic data analysis: An introduction to fieldwork and instrumental techniques. Malden, MA: Blackwell Publishing. ISBN 0-631-23269-9 (hbk); ISBN 0-631-23270-2 (pbk).
  • Ladefoged, Peter & Ian Maddieson (1996), The Sounds of the World's Languages, Oxford: Blackwell, ISBN 0-631-19814-8
  • Maddieson, Ian. (1984). Patterns of sounds. Cambridge studies in speech science and communication. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Laver, J. (1994).Principles of Phonetics. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Pike, Kenneth L. (1943). Phonetics: A critical analysis of phonetic theory and a technic for the practical description of sounds. Ann Arbor: University of Michigan Press.
  • Pisoni, David B.; & Remez, Robert E. (Eds.). (2004). The handbook of speech perception. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-22927-2.
  • Rogers, Henry. (2000). The Sounds of Language: An Introduction to Phonetics. Harlow, Essex: Pearson. ISBN 0-582-38182-7.
  • Stevens, Kenneth N. (1998). Acoustic phonetics. Current studies in linguistics (No. 30). Cambridge, MA: MIT Press. ISBN 0-262-19404-X.