Фондации Отворено општество

Фондации Отворено општество (ФОО), порано Институт Отворено општество — меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос.[1] Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми.[2][3]

Фондации Отворено општество
Open Society Foundations
МестоЊујорк, Њујорк, САД
Клучни лицаЏорџ Сорос, Извршен директор
Кристофер Стоун, Претседател
Џонатан Сорос, Член на советодавниот одбор за глобални прашања
Мреж. местоopensocietyfoundations.org

ФОО има свои претставништва во 37 држави,[4] вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк.

Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци вредни 11 милијарди долари.[5] Името на оваа мрежа е инспирирано од книгата на Карл Попер од 1945 година, Отвореното општество и неговите непријатели.[6]

Наводи

уреди
  1. Duszak, Alexandra (December 21, 2012). „Donor profile: George Soros“. Center for Public Integrity. Посетено на 18 May 2015.
  2. Harvey, Kerric (2013). Encyclopedia of Social Media and Politics. SAGE Publications. стр. 919. ISBN 9781483389004.
  3. „Open Society Foundation mission and values“, OSI, Soros, September 6, 2012.
  4. Callahan, David (September 14, 2015). „Philanthropy vs. Tyranny: Inside the Open Society Foundations' Biggest Battle Yet“. Inside Philanthropy. Посетено на 17 September 2015.
  5. „Expenditures“. Open Society Foundations. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 18 May 2015.
  6. de Cock, Christian; Böhm, Steffen (2007), „Liberalist Fantasies: Žižek and the Impossibility of the Open Society“, Organization, SagePub, 14 (6), doi:10.1177/1350508407082264, Посетено на 26 October 2012.